Тргнете ги настрана тигрите и хеликоптерите, сега има нов вид родителство со сосема поинаков пристап. Поздравете ги панда-родителите.

Создаден од авторката Ештер Војчицки, овој популарен вид родителство привлекува сè повеќе и повеќе мајки и татковци. За што станува збор?

Едноставно кажано, панда-родителството е еден вид на нежно водење на вашето малечко.

И додека родителството наречено „снежни плугови“ ги трга пречките од патот на детето, а хеликоптер-родителите лебдат зад децата, панда-родителите им даваат простор и слобода на децата да ги прават работите на нивен начин.

Според авторката Војчицки, овој стил на родителство е комбинација од меки и тешки техники за да понуди совршен сооднос.

Застапниците на ова родителство тврдат дека ги водат наместо да ги туркаат своите деца по патот, и тоа им помага да бидат понезависни и ги охрабрува да развијат чувство на одговорност.

За некои родители, особени оние што се премногу стегнати и преплашени за нивното дете, овој приод нуди освежувачко ослободување од поактивните видови родителство.

Проблемот е во светот кој постојано суди, па овој релаксирачки начин на воспитување на децата несомнено ќе предизвика критики.

– Панда-мајките не се мрзливи, туку на своите деца им даваат можност да бидат слободни. Наместо постојано да интервенираат, тие помагаат само тогаш кога навистина е потребна помош – вели Војчицки.

Дали панда-родителството значи дека на детето слободно може да му се даде паметен телефон?

– Мора да направите компромис. Оставете ги децата да гледаат два часа на телефон, еден час за апликациите за кои вие мислите дека се важни, а потоа уште еден час за апликациите за кои тие мислат дека се важни – вели Војчицки.



912

X