Воспитување

Што да земете предвид ако повторно стапувате во брак, а веќе имате деца

Повторното стапување во брак по разводот не е невообичаено, дури и за луѓето што се родители. Во многу случаи две индивидуа стапуваат во нов брак, а имаат деца од претходните врски. Децата не секогаш ги разбираат причините за разводот на родителите или, пак, зошто двајцата се одлучуваат за повторен брак. За децата, сето ова може да изгледа како ужасна идеја.

Ако сте родител и ако вие и вашиот поранешен партнер планирате повторно да стапите во брак со други лица, важно е да најдете начин да им помогнете на вашите деца да се справат со создавањето на новото семејство. Ако сте оној бонус-родител кој сега влегува во целокупната слика, вие исто така ќе ја играта улогата на помагач на децата, со цел приспособување на новата ситуација на позитивен начин. Ова се неколку работи што треба да ги имате на ум во вакви случаи.

Смирено водете ја новата врска

Новите врски се секогаш возбудливи. Се чувствувате полни со надеж во врска со новиот партнер и можеби дури почнувате да размислувате за вашата заедничка иднина. Овие чувства се разумни, но запомнете дека вашите деца може да бидат чувствителни по тоа прашање. Врската треба да се развива со побавно темпо, дури и ако чувствувате потреба да брзате. Претставете му ги вашите деца на новиот партнер во моментот кога вашата врска ќе стане сериозна. Откако ќе се запознаат, дозволете им на децата и на вашиот партнер да се запознаат меѓусебно и да се поврзат, пред да донесете одлука за повторно стапување во брак. Не само за вашите деца, туку и за вас и за вашиот партнер е добро да си дадете шанса да одлучите што е она што и двајцата навистина го сакате.

Што доживува вашето дете кога повторно ќе стапите во брак?

Дискутирајте за логистика

Разговарајте со новиот партнер за тоа каков би бил животот во вашиот дом откако ќе стапите во брак. Вашите секојдневни рутини, домашни правила, политики за дисциплина – сето тоа е важно да се разгледа пред повторното стапување во брак. Зборувајте за тоа каков ќе биде родителскиот стил во однос на конфликтите што може да се појават со вас или со другите родители на децата. Финансиите се исто така важен дел. Трошоците што ќе ги имате треба да се споделуваат, па добро е и тоа прашање да се реши за да не дојде до недоразбирања.

Без оцрнување

Никогаш не е добра идеја да зборувате лошо за другиот родител пред децата. Тоа за нив може да биде вознемирувачко искуство, а може да влијае и врз нивните чувства кон другиот родител. Исто така, може да се спротивстават на повторниот брак со новиот партнер. Без разлика како се чувствувате за поранешниот партнер, бидете смирени пред децата. Ако ви е потребно да ги искажете чувствата, направете го тоа на соодветно место и време. Можете да соработувате со некој терапевт, за да ви понуди совет од неутрална страна. Додека се обидувате да не зборувате лошо за поранешниот партнер пред вашите деца, замолете го новиот партнер да постапи исто. Треба да имате почит кон другите родители и нивните односи со децата.

Да се биде маќеа е потешко отколку што очекував, но и подобро отколку што очекував

Зборувајте со вашиот адвокат

Повторното стапување во брак по развод звучи едноставно, но тоа што имате деца од претходниот брак може да влијае врз вашата одлука. Во зависност од тоа каде живеете, можно е да има период на чекање по разводот кој ја обврзува индивидуата што се разведува да почека одредено време пред повторно да стапи во брак. Нема секој развод провизии што ќе влијаат врз повторното стапување во брак, но понекогаш може да вклучува одреден период на чекање за финализирање на разводот. Од тие причини, не заборавајте да дискутирате со вашиот адвокат. Тој ќе ве информира во врска со сите ваши прашања.

Повторното стапување во брак и составувањето ново семејство може да биде голема задача. Но, ако добро се заврши, може да даде одлични резултати. Пред да донесете одлука за повторен брак, не избрзувајте со врската. Секогаш зборувајте отворено за вашите очекувања од партнерот. Внимавајте на коментарите за вашиот поранешен партнер и на крајот – дискутирајте за повторното стапување во брак со вашиот адвокат за да бидете подготвени да се соочите со сите легални предизвици што претстојат. Земете ги предвид овие совети, со цел да функционирате со семејството на позитивен начин.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top