Игротека

Едноставни совети како детето да го засака читањето

Дали вашето дете попрво би ја испразнило машината за садови или би си ги средувало алиштата само за да не чита книги? Дали е потребно да го молите да чита?

Кога ги гледате другите деца задлабочени во читањето, дали се прашувате зошто и вашето дете не го прави истото? Тешко е правилно да реагирате кога вашето дете не сака да чита, а уште потешко е да најдете начин како да го мотивирате.

Обидете се со овие едноставни, но важни совети:

Прво правило – проценете го интересот на детето. Пред нешто да направите, истражете што го интересира вашето дете, што го возбудува или едноставно ја буди љубопитноста кај него. Познавањето на неговите интереси ќе ви го олесни изборот за текстови кои кај него ќе го разбудат задоволството и уживањето во читањето.

Почнете скромно. Само затоа што вашето дете сака да јава коњ не значи дека треба да почне да чита „Историја за јавање од А до Ш“. Обидете се наместо тоа, со детето да гледате коњски трки, потоа разговарајте за џокеите, за резултатите, за сопствениците на коњите, тренерите… Наредните денови прочитајте ги заедно резултатите од трката во весниците или, пак, гледајте некој филм за коњи. Потоа, детално следете ги резултатите од трките или прочитајте некој текст за познатите џокеи.

Интерактивните и сигурни онлајн-извори исто така можат да ја разбудат љубопитноста и да изградат интереси кои ќе преминат кај малите читатели што не сакаат да читаат.

Читањето не мора да започне со некој роман, туку со многу различни текстови и различни жанрови кои можат да помогнат за да се разбуди интересот кај децата.
Воведете заедничка пракса за читање. Заедничко читање додека наизменично вртите страница по страница или поглавје, или кога вие и вашето дете читате иста книга, сето тоа варира во зависност од возраста на детето, како и од неговите специфични потреби или преференции.

Одберете привлечни текстови

Заедничкото читање е често занемарено или е недоволно ценето како техника за привлекување млади читатели во светот на книгите. Повеќето деца всушност сакаат да поминат време со своите родители, но кога ќе наполнат седум или осум години, многу родители воопшто не го гледаат заедничкото читање како опција за квалитетно заедничко време, туку сметаат дека оваа опција е резервирана исклучиво за деца од предучилишна возраст.

За идеално заедничко читање одберете текстови што се привлечни, квалитетни и за кои подоцна ќе можете заедно да разговарате. Можеби можете со некои родители чии деца другаруваат со вашето дете да основате клуб за читање каде што сите текстови заеднички би се читале, и потоа би разговарале за нив во отпуштена атмосфера. Или, пак, можете да побарате доверлива веб-страница за деца, каде што вашето дете може да чита книги или да го охрабрите да започне дневник за прочитаните книги.

Почетниците во читањето често имаат разни проблеми и трема, па затоа создајте пријатна атмосфера во која се ќе се развива течно читање и така децата да ги поставите на пат кон успехот. Иако не постои лесен одговор, со малку труд и јасен фокус на вашето дете можете да му дадете поддршка и поттик, кои му се потребни. Тоа не е никаква магија, па дури и најмалиот чекор се брои.

Поврзани написи

To top