Уште еден викенд и ќерка ми нема планови со другарите. Таа е одлична девојка, но нејзиниот пат кон стекнувањето пријателства беше малку трнлив. Тешко ѝ беше, и кога гледам дека е изоставена, ме растажува бидејќи знам дека е тажна.

Сфаќам дека има и други мајки кои поминале низ истото. Сестра ми беше една од нив. „Лошо е“, ми рече таа. „Но, обично станува подобро“. И тоа го направи за нејзиниот син. Откако го издржа основното образование и средношколските години исполнети со отфрлање и повреденост, тој го заврши средното училиште со голема група пријатели, па дури и со девојка! Затоа, смирете се, мајки, но не седете со скрстени раце. Можете да направите нешто за да им помогнете на вашите деца во фазата „изоставеност“. Еве 4 начини кои може да ги примените:

Ослободете се од стигмата

Прво и најважно, внимателно постапувајте со вашето изоставено дете. Дури и ако забележите некаква шема, избегнувајте да го етикетирате вашето дете со зборови како срамежливо, различно или непријатно. Добро е вашето дете да чувствува дека има работи што може да се направат за да се подобри ситуацијата или дека може да се помине тој предизвикувачки период и да излезе на другата страна посилно. Фокусирајте се на добрите точки на вашето дете. Треба пораката да биде: „Ајде да видиме како можеме да го подобриме ова“, а не „Да откриеме што не е во ред со тебе и што правиш погрешно“.

Како што е кажано, ако на вашето дете му треба помош да научи како да се дружи, погледнете ги овие идеи. Само не заборавајте да ги споделите со вашето дете на чувствителен, неосудувачки начин.

Бидете планер за забава

Барајте можности за вашето изоставено дете. Поставете датуми за играње ако вашето дете е мало. За постарите деца, понудете им да бидат домаќин на група деца за спиење кај вас или одење на кино. Охрабрете го вашето дете да се вклучи во активности каде што може да се дружи. Исполнете му го времето со посети на членовите на семејството, чување деца ако е доволно возрасно или со волонтерска работа. Ако вашето дете е на средношколска возраст или постаро, побарајте пријателства со други парови кои имаат деца на иста возраст.

Слушајте и сакајте

Бидете добар слушател кога вашето дете ќе ви каже дека е изоставено. Престанете со тоа што го правите. Фокусирајте се на него. Не давајте совет додека не заврши со разговорот. Кога давате совет, понудете го со љубов. „Душо, многу ми е жал што се чувствуваш изоставен/а. Дали сакаш да се обидеш да смислиш некои начини за да ја подобриш оваа ситуација?“

Ако вашето дете е и задевано покрај тоа што е изоставено, обрнете внимание и на тоа. Еден родител со кој разговарав рече дека неговиот син дошол кај него вознемирен откако некои деца му кажале дека е грд. Овој татко рекол: „Лука, дали ти се допаѓа твоето име? Малото момче рекло „да“. „Па, и мене ми се допаѓа. Мама и јас го избравме тоа име затоа што значи давател на светлина и ти ги разубавуваш нашите животи, Лука“.

Бидете пријател

Мојата ќерка поминува низ тежок период во моментов, па се трудам да бидам забавен придружник без навестување на сожалување. „Еј! Ајде да одиме на возење велосипед. Сакаш да играш игра? Сакаш да гледаш филм?“ Додека работам на тоа да и помогнам да се дружи, ќе ја пополнам улогата што би требало да ја има една пријателка.

Извор



912

X