Дали имате пријател или член на семејството чии деца се немирни и непослушни – а тој не прави ништо за да го поправи тоа?
Што треба да сторите:
Кога вие и вашиот пријател или член на семејството имате различни родителски стилови, таа тема може да биде многу чувствителна. Веројатно тие не гледаат на нивните деца на начинот на кој вие ги гледате. Постепено и внимателно пристапувајте им на такви проблеми како што се децата на другите луѓе, бидејќи може да се растурат и долгогодишни пријателства и семејни врски како последица на тоа. Ова се нештата што може да ги примените за да се справувате со лошото однесување додека истовремено ја заштитувате врската со другиот родител.
Одвлекување на вниманието и пренасочување
Ако согледате проблем, преземете чекор и поканете ги децата да се вклучат во игра или активност. Ако ги одржувате децата зафатени, тоа може да ви помогне да избегнете конфронтации или проблеми.
Фокусирајте се само на видливиот проблем
Најдете решение на моменталниот проблем, не споменувајте го карактерот или начинот на живот. Направете го она што е неопходно за да поминете низ таа дружба. Коментирајте го делото или групата, никогаш детето.
Споделете родителско знаење на незаканувачки начин
Поканете го вашиот пријател да ве придружува на час по родителство или посетете некое предавање на таа тема. Споделете копија од омилената родителска книга – кажете му на пријателот што ви се допаѓа во книгата и потенцирајте или цитирајте интересна порака.
Избирајте ги своите битки
Обидете се да уживате во вашите посети и да не се фокусирате на проблемите. Фокусирајте се на она во кое уживате во времето поминато со пријателот и отворете го своето срце за да изнајдете некои работи во кои уживате и со неговите/нејзините деца, исто така.

Посети без деца
Ако однесувањето на децата од пријателите влијае врз вашите деца или ви предизвикува голем стрес, тогаш закажете средби кои се однесуваат само на присуство од возрасни.
Што да не правите:
Не поставувајте се како родител на децата од другите луѓе
Дозволете му на пријателот да се справи со однесувањето на сопствените деца. Вклучете се само ако тематиката ги вклучува вашите деца или имот.
Не мислете дека може да ги промените другите луѓе
Не трошете ја енергијата на таа идеја. Присилата кон промена кај другите луѓе може да ги повреди, да ги разлути. Ако пријателот/пријателката не ви побара помош, можеби едноставно е среќен/а со начинот на кој функционираат како семејството.
Не престанувајте да се гледате со пријателите
Пријателствата се скапоцени и важни за вашето здравје и вашата среќа. Со текот на времето децата созреваат и растат, па нема толку многу да бидете околу нив. Најдете начин за да направите ситуација која ќе ви одговара.
Автор: Елизабет Пантли