Прашај психолог страв

Што да направите кога детето има страв да оди во веце?

ПРАШАЊЕ: Веќе 20 дена имаме проблем со ќерка ми. Таа има 5 години и има страв да оди во веце, вели дека ја боли, се стега и не сака да оди да се олесни. Ве молам помогнете ми како да се справам со ова, како да ѝ помогнам? Знам дека е психолошко прашање и не е решение само да одиме да ѝ ставаат клизми.

ОДГОВОР: Најчести психолошки причини за оваа состојба и оваа возраст на дете се бележат во страв и болка која потекнува од претходно болно празнење, потоа контрола и автономија каде што задржувањето станува начин на задржување на моќта, страв од промени, вознемиреност од таквите промени или сепарација од родител.
Понекогаш оваа состојба може да се манифестира и кај сензитивни деца кои имаат силна потреба од контрола и забележителна перфекционистичка црта. За прецизно адресирање на проблематиката, потребно е да се спроведе родителско советување за натамошна интервенција.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

To top