Чест е случајот бебето да ја гризне брадавицата на мајката во текот на доењето, но тоа не значи дека доењето мора да престане. Всушност, кога бебето правилно цица, не може да гризе бидејќи јазикот е преку долниот дел од непцата и преку забите. Ако бебето ја гризе брадавицата, значи дека не цица правилно. Исто така, ако гризе, најверојатно се работи за привремена фаза. Многу мајки поминуваат низ таа фаза и продолжуваат да дојат без никакви проблеми.
Како да се справите со гризењето во текот на доењето?
Обрнете внимание на тоа како вашето бебе ја фаќа дојката
Тоа би можело да ви помогне да го спречите да гризе. На почеток од хранењето почекајте детето да ја отвори устата и дури тогаш да привлечете го кон дојката. Набљудувајте додека се храни и ако забележите дека почнува да си игра со дојката, нежно тргнете го.
Обезбедете мирно место за доење
Хранењето без пречки може да ви помогне и вам и на бебето целосно да се фокусирате на доењето. Ако детето е фокусирано, поправилно ќе го прифати доењето, активно ќе се храни и ќе се одвои кога ќе заврши. На тој начин би можеле да го спречите бебето да гризе.
Дајте му на бебето студена гумена играчка за гризење пред хранењето
Непцата кај детето каде што избиваат запчињата може да бидат болни, па тогаш бебето има поголема потреба да гризе. Затоа, ако на бебето му никнуваат запчиња, понудете му разладена гумена играчка за гризење пред хранењето бидејќи тоа ќе ги ублажи болките во непцињата и ќе го спречи да гризе. Во зависност од возраста на бебето, можете да понудите и парче студено овошје. Ако сметате дека бебето трпи силна болка поради никнувањето на запчињата, побарајте совет од лекар.
Фокусирајте се на основите на позиционирање и прицврстување
Држете го бебето блиску до градите. Почекајте да ја отвори устата и тогаш поставете го на брадавицата. Кога бебето ќе се прицврсти на дојката, неговата брада ќе ја допира вашата дојка, а носот ќе му биде слободен, што му дава помалку можности да ги допре горните заби на дојката.

Гризење поради нетрпеливост
Бебето би можело да гризе ако млекото не потече доволно брзо. Ако загризе на почетокот од доењето, изгледа дека е нетрпеливо и не може да дочека млекото да почне да тече.
Што да направите ако бебето ве гризе?
Едноставно тргнете го од градите и речете „Не!“ Користете благ и смирувачки глас бидејќи строгоста и повишениот тон може да го исплашат. Ако брадавицата ви е оштетена од гризењето, може да се лекува со неколку капки од сопственото млеко, држење на дојката на воздух и редовно менување на перничињата за дојки.
Што да направите ако бебето ја одбива дојката?
Ако многу го мачи никнувањето на забите, тоа може да доведе до одбивање на доењето. Исто така, ако детето се исплаши од вашата реакција на гризењето, може да го одбие доењето. Иако е тоа непријатно за мајката, во повеќето случаи е привремено. Секогаш е корисно да се поразговара со советник за доење или некоја искусна мајка.