Не е лесно кога го гледате сопственото дете како плаче, особено ако во тој момент не сте сигурни како да му помогнете. Прочитајте неколку совети како да им помогнете на децата полесно да ги изразуваат своите чувства.

Родителите се биолошки програмирани да реагираат на плачењето на своите деца, а кога ќе ги видат како се топат во солзи, тоа може да им предизвика широк спектар на емоции. Исто така, честопати е тешко да се разбере зошто децата се вознемириле, дали можеби тоа бил удар во главата, гребеница на коленото или нешто трето. Дали некогаш сте се прашале: „А што ако секогаш кога моето дете плаче или има изливи на гнев тоа всушност прави нешто што е многу вредно?“

Рома Кити Норис, експерт за родителство, советник за доење и бабица, тврди: „Не ги вреднуваме доволно солзите на нашите деца, кои всушност на тој начин го користат својот вроден систем за закрепнување. Кога сме повредени, физички или емоционално, наместо тоа да го држиме во себе, смеењето, гневот и плачењето ни помагаат како механизми со кои ги исфрламе негативните емоции“.

Денес луѓето сè поретко на тој начин ги изразуваат своите емоции бидејќи од најрана возраст многу пати им било кажано „не плачи“, а за разлика од возрасните, децата сè уште не го изгубиле својот систем за закрепнување.

– Со активно охрабрување на своите деца да плачат кога имаат потреба за тоа, ќе им помогнеме да се справат со негативните емоции, а потоа ќе се чувствуваат поповрзани со нас – родителите. Начинот на кој ги слушаме може да предизвика нашите деца целосно да се затворат и воопшто да не ги изразуваат своите емоции, или може да им помогне поцелосно да ја чувствуваат секоја своја емоција – подетално објаснува Рома.

Следните реченици можат да помогнат за поуспешно слушање на детето:

1.Тука сум за тебе…
2. Гледам колку си вознемирен/а…
3. Жал ми е што ти е тешко, љубов моја…
4. Ќе останам со тебе додека си вознемирен/а…
5. Не одам никаде…
6. На безбедно место си…
7. Не постои ништо поважно од тоа да сум со тебе сега…
8. Жал ми е… што го изгуби своето најомилено мече/најдобриот пријател… што ти падна сладоледот на подот…
9. Те слушам, душо моја…
10. Нема засекогаш да биде вака…

Исто така, би било добро да се избегнуваат изрази на етикетирање и да не се одвлекува нивното внимание од нивните чувства. Затоа не би требало веднаш да ги поправате работите или ситуациите за своите деца, да им нудите награди, ниту да им се заканувате. Замолчувањето и засрамувањето на детето можат да предизвикаат негативни последици.

 



912

X