Кога температурите со денови не се спуштаат под 30 степени, многу вообичаени навики мора да се променат. Начинот на исхрана е една од клучните работи. На јадењата што долго и тешко се варат треба да заборавите бидејќи тие создаваат впечаток дека е уште потопло. Саламите, пржените јадења, сосови со павлака и мајонез, како и тортите со тешки кремови треба да ги одложите до поладните денови, советуваат нутриционистите.

Во време на горештини треба да се насочите на тестенини и ориз, под услов да се јадат со лесни сосови, маслиново масло и прилози од зеленчук. Риба и бело месо исто така треба да бидат на менито, зготвени на пареа, на скара и со сезонски зеленчук.

Пожелно е да се јаде свеж или зготвен зеленчук бидејќи го освежува организмот, го поттикнува исфрлањето на токсини, ја обезбедува потребната енергија и го регулира варењето. Освен тоа, претставува ризница на минерални соли, витамини и растителни влакна, супстанции кои се од непроценлива важност за здрав и убав изглед.

Љубителите на зелена салата која е совршен чистач на цревата и е полна со вода можат да уживаат во нејзиниот вкус во летните денови. Зелената салата со варени јајца или лесно месо претставува успешна замена за главното јадење.



912

X