Вирусот на грипот може да опстане на површината подолго отколку што мислиме – еве што треба да дезинфицирате за да спречите ширење на болеста.

Далечинскиот управувач

Вирусот на грипот може да живее на тврда површина 24 часа. Секое лице што ќе ја допре таа површина се изложува на ризик од инфекција (дури и вие можете повторно да се разболите). Треба да го дезинфицирате далечинскиот управувач од телевизорот со дезинфицирачко марамче за да го убиете вирусот и да спречите и другите да се разболат ако гледале телевизија заедно со вас.

Мобилниот телефон

Вашиот телефон секојдневно е изложен на безброј бактерии. Ако сте болни, телефонот е сигурно преполн со бактерии. Истражувањата покажуваат дека на мобилните телефони има многу типови патогени и бактерии кои може да ве разболат. Ако постојано го користите додека сте болни, можно е да оставате микроскопски клетки кои повторно може да ги соберете и да ги споделите со другите подоцна. Бришете го телефонот со марамче што дезинфицира, на дневна основа. Ако некој во семејството е болен, не дозволувајте му да го допре и користи вашиот телефон.

Чаршафи и навлаки за перници

Ако вие и вашето дете сте биле болни од грип – веројатно е дека навлаките за перници и чаршафите се контаминирани. Вирусот не живее на меки површини толку долго како на тврди, но сепак останува. Кога болното лице конечно се чувствува добро, поволно е да ја промени постелнината на креветот и да ги стави чаршафите на перење. Ако материјалот на самата перница, пак, не дозволува перење во машина, тогаш тргнете ја настрана неколку дена, за вирусот да се уништи, пред повторно да ја употребувате.

Ќебиња

Обично кога имаме грип, имаме и треска и чувствуваме студ. Ќебињата со кои се покриваме мора да се исперат откако ќе оздравиме. Експертите препорачуваат ќебињата да се исперат во најтоплиот циклус кој може нивниот материјал да го издржи. Со перењето во машина бактериите што останале ќе бидат уништени. Уште еден совет е да ги ставите ќебињата во торба и да ги оставите од 24 до 48 часа за вирусот да се уништи.

Четкичка за заби

Како и другите тврди површини, вирусот може да живее и на четкичката за заби во период од 24 часа. Иако сега имате имунитет на вирусот од кој сте се разболеле, сепак, можете да го пренесете вирусот на некој друг. Потребно е да ја ставите четкичката во антисептична течност за миење на устата и да ја оставите неколку минути. Исто така, можете да купите и нова – четкичките секако треба да се менуваат на секои три до четири месеци.

Бања

Додека сте во бањата, погледнете наоколу. Вирусот може да ја претвори бањата во жариште на болеста. Користени марамчиња, плунка во лавабото, инфицирани раце кои допирале насекаде. Одвојте време да избришете сè и да ги фрлите сите марамчиња што можеби ја промашиле кантата за отпадоци. Етил алкохол (барем 70-отстотен) е многу ефикасен против вирусот на грип, покажуваат истражувањата. Убива голем број бактерии и вируси. Разреденото белило исто така е добар чистач. Распрскајте го на површината и избришете со сува крпа. Хемикалиите ќе ги убијат останатите патогени за период од еден час.

Полнети играчки

Ваквите играчки сигурно се утеха за децата кога се болни, но потоа тие се носители на вирусот. Ако нивниот материјал дозволува да ги исперете, сторете го тоа. Ако не може, тогаш оставете ги настрана за да помине време и бактериите да се уништат.

Кујна

Сите одат до кујната, што значи дека и тој простор е полн со бактерии. Избришете ги сите површини во кујната, особено вратите и кваките. Кујнските крпи треба да бидат испрани во машина, а исто така е добра идеја да се избрише и која било  кутија со храна или садови што болното лице ги допрело.

Вашите раце, уште еднаш

Најефективен начин да се разболите е да допирате инфицирани површини и потоа да ги триете очите, да го чешате носот или да ја бришете устата. Вашите раце може да го соберат вирусот на грип насекаде, кога го допирате лицето, тоа е исто како поставувате знак „добре дојде“ за болеста. Без разлика дали се грижите за некој близок или вие заздравувате од грип, продолжете да ги миете рацете со топла вода и сапун.

Автор: Кимберли Холанд



912

X