Дали ви звучи познато? Го земате детето од училиште, тоа влегува во автомобилот и му го поставувате прашањето: „Како беше на училиште?“ Детето одговара „добро“, а вие останувате разочарани бидејќи сте лишени од посакуваните детали.

И така секој ден. Не очекувате толку краток одговор, а децата, од друга страна, многу повеќе ги интересира сѐ друго отколку да разговараат со вас. Ако сакате малку повеќе да навлезете во деталите, обидете се со некои од следниве прашања:

Кој беше твојот омилен дел од училишниот ден?
Кој беше твојот најмалку омилен дел од училишниот ден?
Која беше најинтересната информација што ја научивте?
Што те направи најсреќен денес?
Со кого седеше за време на паузата?
Со кого си играше на одмор?
Што те растажи денес?
Дали нешто особено те загрижи денес?
На што најмногу се гордееш денес?
Кој те насмеа денес и како?
Дали му помогна на некого денес? Како?
Дали некој ти помогна со нешто денес? Како?
Што би променил денес кога би можел?
Дали ти треба мојата помош или поддршка во врска со нешто што го доживеа денес?
Дали се чувствуваше добро за да учествуваш на часот?
Како учествуваше на часот?
Кои се твоите најдобри пријатели?
Дали сакаш да работиш сам или во мала група?
Кога би можел да избереш, до кого би седел на час? Зошто?
Што ќе се случи ако не се почитуваат правилата?
Дали постојат правила за кои мислиш дека се неправедни?
Дали некогаш си се чувствувал несигурен на училиште? Што се случи?
Кој е твојот омилен учител и што ти се допаѓа кај него?
Каква грешка направи денес? Што научи од таа грешка?
Како оваа година се разликува од минатата година?
На што ќе се радуваш на училиште утре?
Дали има нешто од што се плашиш?

Едно е сигурно – нема потреба да му го поставувате секое од овие прашања, секој ден, на вашето дете. Всушност, немојте. Овие прашања се упатства што би можеле да ги искористите за да развиете комуникација со вашето дете и да ја стимулирате неговата потреба за разговор. Многу од овие прашања ќе доведат до одлична дискусија која ќе ви овозможи подобро да го запознаете вашето дете. Важно е да запомните да не го прекинувате детето додека зборува.

Не заборавајте да обрнете внимание на она за што е возбудено вашето дете и постојано да поставувате прашања поврзани со таа тема.

Извор



912

X