Чудото на раѓање е нешто низ кое сите поминуваме. За жал, никој не го помни тоа искуство. Мајката може да ја помни својата бременост, но дали некогаш сте се запрашале како сето тоа изгледа за самото бебе? Што ни се случувало во нашиот ум во моментот кога сме се раѓале? Дали уживавме во процесот на ослободување од утробата на нашите мајки?

За среќа, ги имаме одговорите за секоја фаза од процесот на раѓање.

Што мислат бебињата за време на бременоста и раѓањето:
Рејчел Луис ги објаснува тие моменти.

Пред породување

Додека мајката е зафатена со својата дневна рутина, бебето одлучува дека е време да излезе и да го искуси светот. Па, сè започнува со притискање на каналот за раѓање, отворање на грлото на матката. Во меѓувреме, мајката почнува да го добива првиот бран на контракции, на секои 20 минути. Додека таа му вика на таткото да го земе автомобилот и да престане да објавува содржини на „Фејсбук“, исто така ослободува и окситоцин. Тој хормон го смирува бебето додека е подготвено да се роди.

За време на породувањето

Како што контракциите стануваат посилни, бебето може да почувствува дека неговата околина станува тесна и кислородот од мајчината плацента се намалува. Но, ова не е нешто загрижувачко бидејќи бебињата може да спијат за време на контракциите. Ако мајката одлучи да користи лекови за ослободување од болката, таа и бебето се чувствуваат зашеметено. Бебињата што не примиле на тој начин медикаменти може да бидат свесни и гладни по раѓањето. Релаксирањето по породувањето е клучно за мајката бидејќи таа е под стрес, а исто така ќе биде и бебето.

Прва фаза

Кога контракциите се појавуваат на пократко време, грлото на матката сè повеќе се отвора. Во меѓувреме, ѕидовите околу бебето стануваат сè помали, но тоа не чувствува болка. Дури има и помалку кислород од претходно, па затоа мајката се охрабрува да диши и покрај болката што ја чувствува.

Втора фаза

Мајката во оваа фаза се обидува да ги истурка детето низ каналот за породување. Бидејќи черепот на бебето не е целосно оформен, може да се обликува во форма на каналот за раѓање како што се движи низ него. Д-р Ен Динс вели дека бебињата се физиолошки подготвени за ова. На некои бебиња им треба подолго време да се движат низ породилниот канал бидејќи не биле во идеална положба.

Породување

Како што бебето конечно излегува од породилниот канал, може да се чувствува како да е во иницијален шок. Според д-р Динс, бебињата родени во смирени и малку осветлени соби имаат тенденција да бидат посмирени. Откако сензацијата на раѓање завршува, мајката конечно го држи в прегратка своето малечко. „Тоа го смирува бебето, помага во регулацијата на срцето на мајката и респираторниот тракт, го одржува бебето топло и започнува хормоналниот процес за доењето“, вели Дру Кембел, бабица во „Хелт Беј поликлиника“ во Дубаи.

Автор: Кејтлин Пења

Извор



912

X