Воспитување

Што ако сме биле „искористено дете“?

Детето ќе се согласи на сè за да се поврзе со родителите.

Ако единствениот начин да се поврзете е да им служите на нивните потреби, тоа е исто така прифатливо. Бидејќи поврзаноста е важна за опстанок, како храната и водата.

Некои автори го користат терминот „искористено дете“ за овој начин на поврзување со родителите.

Обично оваа шема се протега низ генерации. А и тие родители некогаш биле „искористено дете“. Овие процеси се случуваат надвор од нашата свест. Дури и кога детето би има когнитивен капацитет, кој го нема, да ја види својата ситуација, искуството би било неподносливо.

Затоа го „закопуваме“ за да туркаме понатаму.

Ако забележите дека повремено или почесто, од необјасниви причини, се изневерувате себеси, можеби сте биле искористено дете. Во тој случај, самопредавството е многу силна „сила“, која доаѓа од мозочните структури кои се многу „посилни“ од нашата интелигенција и здрав разум.

Кога ќе станеме свесни за овие процеси, барем до одреден степен, тргнуваме на патување кое нѐ враќа кон нас самите.

Автор: Д-р Данијела Будиша Убовиќ/ психолог и психотерапевт

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top