Воспитување

Што ако сакате да го вакцинирате детето, а другиот родител не сака? Искуство на адвокат од Канада

Адвокатка за разводи од Канада го споделува своето искуство во врска со несогласувањата меѓу родителите кога едниот е за вакцинирање, а друг против.

Вакцините против Ковид-19 брзо се развиваат. Неколку фармацевтски компании најавија вакцини против новиот коронавирус, а некои од нив веќе покажуваат добри резултати. Во Канада ќе се дистрибуираат вакцините во 2021 година. Иако сè уште никој не тестира вакцини на деца, сепак ќе дојде време кога вакцината ќе биде достапна и за деца. Па, кога ќе се случи тоа, што би правеле ако вашиот партнер, или поранешен партнер кој е исто така родител на вашите деца, не се согласува со вашиот став?

Како судовите се справувале со ваквите несогласувања меѓу родителите во минатото?

– Избирањето да не се изврши вацинација не е нелегално или неморално. Тоа е личен избор. Не можам да најдам ризик ако детето остане невакцинирано. Вакцините може да донесат дополнителни ризици“. Ова е извадок од последен случај од јануари 2020 година, а тука антиваксерот „победил“ и децата не примиле имунизација. Ако родителот кој е ЗА вакцинација ги вакцинирал децата и покрај ваквата одлука на судот, тоа би се сметало за непочитување на судот и би се соочил со казна, па дури и затвор.

Во друг случај судот донел одлука за родителот кој е ЗА вакцинација со следното гледиште: „Има научни студии кои покажале дека вакцинацијата може да биде штетна. Но, контролата на одредени заразни болести низ светот едноставно е надвор од дискусија. Рационализирањето од оние против вакцинацијата дека таквиот феномен би се развил без користење на вакцинација е нелогично“.

Ако родителите не се согласуваат, како ќе одлучи судот?

Судовите не сакаат да ја носат оваа одлука за вас. Науката не е дел од судовите. Тие нема да се вклучат во дебата од таков тип. Само се грижат за емоционалното, психолошкото и физичкото здравје на децата. „Што е во најдобар интерес за детето?“ – ова е нивното главно прашање. Што значи, во зависност од ситуацијата, може да се донесе одлука во корист или на едната или на другата страна.

Што со постарите деца или тинејџерите? Дали тие имаат право на мислење ако родителите не се согласуваат?

Легално, можно е на тинејџерот да му се дозволи да одлучи за себе ако неговиот лекар мисли дека тој е компетентен да го направи изборот. Лекарот во тој случај треба да биде уверен дека малолетникот ја разбира природата на третманот и ефектите од него. Тоа значи да биде свесен и за последиците од одбивањето на третманот. Според моето искуство, кога станува збор за имунизацијата, тинејџерите повеќе му веруваат на советот од лекарот отколку од родителите.

Ризиците се високи

Изгледа дека одлуката на родителите за вакцините што подолго време постојат е полесна. Но, сега се соочуваме со нешто ново. А несаканите ефекти од новата вакцина сè уште не се познати. Но, ризиците се повисоки ако заразата не престане да се шири. Ако училиштата, владите и јавното здравство ги направат вакцините задолжителни за запишување во училиште, тогаш изгледа дека во најдобар интерес на детето е да биде вакцинирано.

Како да се постапи

Антиваксерите и проваксерите имаат радикално различни гледишта, но сите веруваат дека го сакаат најдоброто за своите деца. Судиите се туѓинци кои не ве познаваат, ниту вашите деца. Не сакаат да бидат одговорни за носењето на овие одлуки. Тие ќе ги следат препораките на властите, па ако владата донесе одлука за задолжително вакцинирање, детето ќе мора да ја добие вакцината, без разлика кој што мисли за сето тоа.

Родителите треба да разговараат со лекарот на детето и да дискутираат за вакцината – да дознаат што повеќе информации за самата вакцината; ако се разведени, треба да разговараат соодветно, па дури и преку адвокати или социјални работници за успешно да се справат со емоциите за време на процесот. Тоа е подобра опција отколку проблемот да дојде до суд и судија да решава за ваш личен проблем.

Автор: Ана-Мари Мусон

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top