Една од најновите студии покажа дека шпоретите на плин ја влошуваат астмата кај секое осмо дете што боледува од оваа болест. Со други зборови, процентуално тоа би значело дека кај 12,7 отсто од испитаниците е утврдено влошување на астмата и дека тоа е поврзана со шпоретите на плин. Истражувањето опфатило околу 650.000 деца во САД кои страдаат од астма.

Овие деца имале повремени напади на астма и морале да користат инхалатори, а откако шпоретот на плин бил отстранет од домаќинството, состојбата се подобрила кај едно од осум деца.

Истражувањата докажаа дека таквите шпорети испуштаат канцероген бензен и други отровни хемикалии, дури и кога не се вклучени. Меѓутоа, една претходна студија докажа дека шпоретите на плин испуштаат толку многу метан, што може да направи слична штета како јаглеродниот диоксид од 500.000 автомобили во истиот временски период.

Иако некои други параметри, како што е пушењето во домот, не биле вклучени во истражувањето, овој ризик бил вклучен и во конечните резултати. Генерално, експертите се 95 отсто сигурни дека шпоретот на плин е причина за астма кај речиси 19 отсто од децата.

Оваа информација крена голема прашина во САД, па дури сериозно се размислува за воведување сосема нови регулативи за шпорети на плин, па дури се размислува и за забрана за продажба на такви во САД. Оние што имаат вакви шпорети во домаќинството ќе добијат субвенција за набавка на нови.

Извор



912

X