Шкотската влада го прогласи физичкото казнување на малолетниците за кривично дело.

Тоа досега им било дозволено на родителите и старателите на деца под 16-годишна возраст доколку се сметало за „разумна казна“. Но таканареченото „оправдано казнување“ повеќе не важи.

Под физички напад на деца се сметаат удирањето шлаканици, тепањето, тресењето, фрлањето и туркањето на децата, како и гребењето, штипењето, гризењето, влечењето за коса, принудувањето на децата да останат во непријатна положба, нанесувањето изгореници или присилното туркање.

Законот во Шкотска беше донесен во јануари 2020 година, но сега стапи во сила.


– Овој закон јасно кажува дека физичкото казнување на децата повеќе не смее да биде дел од растењето во Шкотска и означува важен чекор во создавање земја во која правата на децата навистина се признаваат, почитуваат и исполнуваат – изјави Џоана Бартлет, портпаролка на Националното друштво за спречување суровост кон децата.

Во јануари Велс стана вториот дел од Велика Британија што усвои ваков закон, а законот ќе стапи во сила во 2022 година.

Шведска е првата земја во светот што забрани удирање на децата кога забрани физичко казнување во 1979 година.

Но, социјалните мрежи се поделени во врска со овој закон. Многумина лошо реагираа зашто го сметаат тоа за непотребно мешање на државата во воспитувањето на децата. Многумина тврдат дека овие промени се непотребни бидејќи веќе постојат закони што ги штитат децата од злоупотреба од страна на возрасните.

Тие велат дека измените нема да направат ништо добро за да им помогнат на ранливите деца кои биле жртви на сериозно физичко малтретирање, но може да предизвикаат трауматски интервенции во „добри семејства“, кои удирањето по задникот го користат како дисциплинска мерка.

Извор



912

X