Постарата генерација се чуди како тинејџерите преземаат апликации, инсталираат безжични печатачи и уредуваат видеа на iMovie со неколку кликања на маусот. Но, постојат многу вештини што нашите родители, баби и дедовци ги поседувале, а помладата генерација денес ги нема.

– Мојата баба беше професионалец во седење и пиење кафе гледајќи низ прозорецот во градината без ништо да ѝ го одвлекува вниманието и без да ѝ биде здодевно. Вештина што навистина би можела да ја користам – објаснува Шарон Ходор Гринтал.

– Мојата баба беше одлична со парите. Таа заштеди 300 долари од аванс за куќа за две семејства во време на депресијата. Потоа започна успешен бизнис со мојата мајка – кажува Шерил де Примио.

– Баба ми можеше да ја исчисти целата куќа и да изгледа прекрасно до 9 часот наутро – објаснува Денис Лорич.

Готвење од нула

Најверојатно вашата баба можела да направи сè без рецепт. Бабите едноставно знаеле што треба да се додаде за да се направи највкусно јадење.

– Мојата баба можеше да го испразни фрижидерот и со остатоците од храната да направи прекрасно јадење. Не постоеше нешто што таа не можеше да го зготви – вели Алиша Флојд-Гримс.

Шиење (кроење, крпење)

Денес, ако некој има искинати чорапи, обично купува нов пар. Нашите баби и дедовци, од друга страна, ги крпеа старите чорапи и сè друго. Се разбира дека некои луѓе сè уште шијат.

Конзервирање

Зголемувањето на цените на храната и популарноста на градинарството доведоа до тоа повеќе луѓе да ја конзервираат храната. Сепак, тоа сè уште не е вештина што многу млади ја поседуваат. Но можете да се обложите дека вашите баба и дедо сигурно ја поседувале.

Пеглање

Вашите баби најверојатно пеглале сè, долна облека, навлаки за перници, марамчиња. Во светот на облека од полиестер, во кој машините за сушење алишта располагаат со функции за пеглање, пеглањето претставува работа што сè поретко се прави.

Запознавање нови луѓе без интернет

Нашите баби и дедовци во минатото немаа можност да поканат некого за дружење преку е-порака или СМС. Тие всушност разговараа со луѓето. Запознаваа нови луѓе во црква, на улица, преку комшии. Во ова време на дигиталната ера луѓето имаат тенденција почесто да комуницираат преку уреди наместо да разговараат меѓу себе.

Преговарање за цена

Секако, неколкумина од вас преговарале за цена, најчесто за цените на автомобилите. Но се обложуваме дека твоите баба и дедо биле уште подобри во уметноста на пазарење.

Пишување писма

Да, многумина од нас сè уште пишуваат писма – на хартија. Но, веројатно ги пишуваме сè поретко. Вашите баби и дедовци го немале луксузот наречен е-пошта, па затоа биле принудени физички да ги напишат своите мисли и чувства – секогаш кога сакале да комуницираат со некој што бил далеку од дома.

 



912

X