Ученици од VI4 одделение од ООУ „Круме Кепески“ од Кисела Вода, Скопје, денеска го одбележаа 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев. Заедно со наставникот по историја Слободан Трајковски, тие положија свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Учениците беа дел од официјалниот протокол меѓу другите институции и здруженија.
– Љубовта кон татковината е едно од највозвишените чувства. Така и ние нашата љубов кон Македонија ја искажуваме преку одбележување важни датуми и настани од нашата историја. Денеска го одбележавме роденденот на Гоце Делчев. Учениците се секогаш заинтересирани за посета на музеи, изложби и археолошки локалитети – вели наставникот Трајковски.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш.