Самохраната мајка Ноела Палменто ги поделила луѓето во размислувањата откако на „Тик-ток“ открила дека ѝ дозволува на нејзината шестгодишна ќерка да земе еден слободен ден месечно од училиште за да прави што сака. Нејзината шестгодишна ќерка Џијада може да пропушти еден ден на училиште секој месец, а Ноела ќе го оправда тоа.

„Ѝ реков на ќерка ми дека може да избере еден ден во месецот за да остане дома“, објаснила Ноела, снимајќи ја својата ќерка како си игра во трговски центар.

Свесна за негативните коментари што би можела да ги привлече со својата необична техника на воспитување, мајката однапред им кажала на луѓето „да си ја гледаат својата работа“. Но, на нејзино изненадување, многу луѓе мислат дека тоа е одлична идеја.

„Мајка ми го нарече тоа ден за менталното здравје“, „Ова е одлично, би сакала и јас да имав слободен ден додека растев“, „Дефинитивно ќе го правам ова со моите деца“, „Брилијантна идеја што им овозможува на децата да бидат деца“, напишале оние што решиле да ја поддржат мајката Ноела.

@_the1stnoel

mind your business

♬ Prada – cassö & RAYE & D-Block Europe

Други зазеле покритичен пристап и укажале на потенцијално штетните несакани ефекти.

„Да не е еден ден во месецот премногу“, „Зошто тој слободен ден да не е за време на викендите“, прашуваат тие.

Извор



912

X