Трчање во болница, врескање за време на породувањето, татковци што паѓаат во несвест, паника и нервоза, сите овие работи се поврзуваат со породувањето. Но, дали е сè така во реалноста?

Основната работа што треба да ја имате предвид кога станува збор за породувањето е дека процесот е целосно индивидуална работа. Во принцип, постојат сличности, но не се регистрирани две исти породувања, исто како и две исти бремености.

Ова се најчестите заблуди што се поврзуваат со породувањето.

1. Зачинетата храна може да предизвика породување

За ова верување апсолутно нема докази. Во теорија, зачинетата храна ја забрзува перисталтиката на цревата, но ова во никој случај не е поврзано со контракциите на матката. Значи, ако другарка или роднина се породила веднаш по јадењето зачинета храна, тоа е обична случајност. Ако сакате зачинета храна, уживајте во неа до самиот крај на бременоста, ако не ви се допаѓа – не јадете присилно само затоа што мислите дека побрзо ќе се породите.

2. На појавата на првите контракции морате да одите во болница

Идните родители генерално мислат дека првата контракција е знак дека породувањето само што не почнало. Но, тоа не е случај. Породувањето често трае неколку часа, особено ако се пораѓате првпат. Донесувањето на бебето на свет е долг процес и нема потреба да паничите и да брзате.

3. Ќе врескате во текот на цело породување

Сигурно дека ќе почувствувате болка и нема да се воздржувате од искажувањето емоции, но сигурно нема да врескате постојано. Вашата потреба за врескање ќе се појави одвреме-навреме, но во периодот помеѓу контракциите ќе бидете добро.

4. Идните татковци воопшто не знаат што да прават

Татковците се исплашени во овие ситуации и немаат идеја што да прават, а при првата капка крв се онесвестуваат. Можно е вашиот партнер да одговара на опишаниот стереотип, но повеќето мажи одлично се држат во ваква ситуација.

5. Штом ви пукне воденикот, треба да одите во болница

Паниката што настанува кога на главната актерка во филмот ќе ѝ пукне воденикот воопшто не одговара на ситуацијата што ја носи овој чин. Само тогаш кога ќе се појават контракциите и ќе станат чести е знак дека се приближува породувањето. Откако воденикот ќе пукне, полека подгответе се и одете во болница. Се разбира секое породување е своја приказна, па за секоја дилема треба да се слушнете со вашиот гинеколог.

6. Породувањето е чин поради кој треба да се паничи

Раѓањето на детето е сосема природен, нормален процес и за повеќето жени минува без компликации. Доколку вие и вашето бебе сте во ред, вашето тело само ќе го одреди времето потребно да го донесете бебето на свет.

Извор



912

X