До 16 часот денес дијагностицирани се 6 нови пациенти заразени со коронавирус. Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија, информира министерот за здравство Венко Филипче. Семејството се вратило во земјава на 14 март и било во домашна изолација. На тестирање се јавиле вчера, по два дена откако девојчето ги почувствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.

Во Скопје е регистриран еден случај, контакт на претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Во моментов се тестираат 35 лица.



912

X