На Олимпијадата учествувале околу 900 натпреварувачи, лидери, набљудувачи и гости од повеќе од 70 земји од светот. Порталите Факултети.мк и Деца.мк изминатиот период пишуваа за успесите на учениците Алексиј Тасиќ и Андреј Стојановски, кои ги потврдија своите резултати од областа на природните науки

Сите шест ученици од македонскиот тим освоија медали на 18. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки што од 12 до 21 декември се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

Алексеј Тасиќ од училиштето „Јахја Кемал“ од Скопје освои сребро, а со бронза се закитија неговите соученици Матеа Митревска и Андреј Стојановски, потоа Иван Костевски и Марио Ванчоски од средното училиште „Славчо Стојменски“ од Штип и Теона Ана Георгиевска од основното „Љубен Лапе“ од скопската општина Аеродром.

Овие резултати ги соопшти Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ),
од каде што посочија и дека на Олимпијадата учествувале околу 900 натпреварувачи, лидери, набљудувачи и гости од повеќе од 70 земји од светот.

– Создаваме вредности! Честитки за учениците и целиот тим (организација на натпревари по физика, хемија и биологија, подготовки на ПМФ, лидери, набљудувачи, надгледувачи во хотел, техничка поддршка) – ја соопштија веста од ДФРМ.

Лидер на тимот бил д-р Ламбе Барандовски, претседател на ДФРМ и професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
ДФРМ заедно со Сојузот на хемичари и технолози на Македонија и со Македонското биолошко друштво ги подготвувале учениците за престижниот натпревар.

Андреј е дел од тимот што ќе оди на Олимпијадата во Абу Даби: „Зад секој добар ученик стои уште подобар професор“

Македонски таленти: 14-годишниот Алексиј на врвот меѓу кинеските и руските математичари



912

X