Воспитување

Шефот на „Амазон“ открил кој е клучот за воспитување успешни деца

Џеф Безос е татко на 4 деца, а еден совет го споделува со сите родители. Навиката што тој ја практикува ја смета за многу важна и им ја повторува на своите деца одново и одново, а ги поттикнува и другите родители да ја следат.

– Гордејте се со своите избори, а не со своите способности. Многу е важно младите да го разберат тоа, а родителите да им го пренесат. На талентирана млада личност најлесно е да ѝ се каже: „Јас сум одличен спортист, навистина сум паметен“ или „Одлично ми оди математика“. И тоа е во ред, треба да се биде среќен поради тоа, но она на што треба да бидете горди се вашите избори. Како сте го искористиле својот талент? Дали внимателно сте учеле? Дали сте се потрудиле? Дали сте вежбале: Напорот кој ќе го вложите е ваш избор и тоа е нешто на кое, кога ќе се свртите наназад на својот живот, ќе бидете горди“, рекол Безос во текот на свој говор во Сиетл во 2016 година.

Неговата филозофија се усогласува со истражувањето на Керол Двек, професорка по психологија од Универзитетот „Стенфорд“, која смета дека децата треба да размислуваат за растот наместо фиксно. Двек смета дека на децата не треба да им се вели „Толку си паметен“, или „Се разбира дека си добар/а во математика, ги имаш моите гени“. Наместо тоа, предложете примери како „Те видов дека се внесе во сликањето на тој цртеж, преубав е“, „Денес го одигра натпреварот со срце. Неверојатен напор“, или „Уште една петка! Толку се гордеам на твојот труд“.

Двек во низата експерименти што ги спровела открила дека пофалувањето на талентите на децата, а не на нивниот труд, може кај нив да развие страв од неуспех. Со текот на времето тоа поттикнува фиксен начин на размислување, а не размислување за растот. Дури и начинот на кој мајките ги фалат своите бебиња и деца од претшколска возраст, од 1 до 3 години, ѝ овозможил на нејзиниот тим кај децата да го предвиди „начинот на размислување и желбата за предизвици 5 години подоцна“.

Ова е видеозаписот во кој Безос го дава својот совет во 2016 година.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top