Бебињата за брзо време стануваат мали луѓе, а нивните карактеристики излегуваат на виделина со сите нијанси и особености со кои ќе се развиваат во текот на животот.

1. Шармер

Бебиња што не престануваат да се смеат, што е глетка од која се топат и непознати минувачи на улица. Извор на бескрајна енергија за секој што ќе ги погледне. Дали знаете дека бебињата манипулираат со нас преку насмевката?

2. Срамежливко

Повеќето бебиња одвреме-навреме имаат „напади“ на срамежливост, но бебињата што се генерално срамежливи ќе се насмевнат само кога одредени луѓе (мама, тато, баба, дедо, братче, сестриче) се во нивна близина. Срамежливите бебиња обично уживаат кога ги носат во прегратка само возрасните што ги сакаат и добро ги познаваат и со кои се чувствуваат безбедно.

3. Чувствителни

Чувствителните бебиња лесно впиваат енергија од луѓето од својата околина и веднаш реагираат на гласните звуци, дури и ако не допираат од непосредна близина. Чувствителните бебиња сакаат стабилност и почитување на воспоставениот ред во текот на денот.

4. Набљудувач

Ова бебе го впива светот околу себе со толку внимание и интерес, што кога ќе се насочи на нешто, останатиот дел од светот исчезнува. Нив обично не им се потребни многу играчки, бидејќи светот и луѓето околу нив се извор на совршена забава.

5. Опуштено

Ова е бебе чии родители и роднини го опишуваат како „прекрасно и мирно“. Не бара многу, задоволно е со речиси секоја положба и ситуација, дури и ако условите не се идеални.

6. Бебе што многу бара

Овие бебиња бараат внимание во секој момент кога се будни, поради што понекогаш првите месеци се тешки за родителите. Но, овие деца израснуваат во генијални умови, талентирани на многу полиња, со изразена способност за ефективно решавање на проблемите.



912

X