Шакира и нејзиниот партнер Жерар Пике имаат два сина, Милан и Саша. Откако во 2013 година првпат стана мајка, пејачката често зборува за родителството.
Еве што Шакира вели за разни теми поврзани со родителството:

Како ја променило мајчинството

– Целосно го промени мојот свет. Тие се сега мојот центар. Тоа е нова димензија на љубов, барем за мене, и е неверојатно. Исто така, ми помогнаа да бидам дисциплинирана и да се држам до распоредот бидејќи едноставно мора да поставиш приоритети. Порано бев свој газда, а сега имам два мали шефа на кои им одговарам.

Најдобриот совет што го добила

– Никогаш не можете да им покажете премногу љубов. Чувството на сигурност во раното детство им дава неограничен простор за да ги развијат своите вештини и да станат одговорни возрасни лица што ќе се грижат за другите.

За технологијата

Речиси е невозможно сосема да ги тргнете од технологијата бидејќи таа стана дел од нашиот секојдневен живот. Не мислам дека лошо влијае врз развојот и постојат толку многу апликации што можат да им бидат од корист, но зависноста е друга работа. Без разлика на сè, децата треба да бидат надвор и да си играат со другите, едноставно да бидат деца. На технологијата гледам исто како и на телевизијата: да биде умерено.

 

 

View this post on Instagram

 

Besitos Guadalajara! Shak

A post shared by Shakira (@shakira) on

За магичните моменти

– Постојат повеќе вакви мали моменти, но би издвоила кога го учев првиот син да ги препознае буквите и бројките. Тоа го правев уште пред да може сам да седи и бев изненадена секојпат кога во неговите очи ќе видев дека ме разбира, а беше толку мал. Можеше да ги вербализира зборовите што научи да ги препознава, на само 18 месеци, тоа беше еден од најголемите моменти за нас како родители.

За предизвиците од мајчинството
–  Јас сум мајка тигрица која постојано бара информации и истражувам на интернет. Не е лесно да се биде мајка. Тоа е една од најтешките работи. Имав големи настапи пред милионска публика, се среќавав со светски лидери од кои понекогаш бев малку исплашена, но ништо не ме научи да бидам самосвесна како што ме научи мајчинството. Секој ден се прашувам дали ја правам вистинската работа.

За менување на приоритетите

– Мајчинството ме натера да ги променам моите приоритети и да направам простор за работи што се најважни, но и да сфатам дека некои работи треба едноставно да ги оставам и дека светот нема да се сруши поради тоа.

За подигањето на синовите денес

– Добар почеток е што покрај нив имаат мајка која работи. Мислам дека и нивниот татко е многу добар пример за современ човек кој им дава пример. Жерар и јас ги делиме сите родителски должности, иако дефинитивно јас сум построгата.

За зачувување на секој момент

– Еден од незаборавните моменти е кога Милан почна да ги препознава сликите од картичките. Имаше шест месеци и навистина веднаш сфати сè. Кога станува збор за Саша, забележав дека е многу музикален и има вроден талент, дури и свири на тапани. Сите овие моменти ги документирав, како и многу други.

За подготовкaта пред да ги роди

– Признавам дека сум една од оние мајки. Веројатно ја прочитав секоја можна книга и апликација за бременост. Бидејќи се информативни, мило ми е што ги прочитав. Сакам однапред да се информирам. Не постојат препреки, на крајот, да научите како е да се биде родител. Сигурна сум дека направив грешки. Но можам да издвојам една работа за која ниедна книга не може да ве подготви, а тоа е начинот на кој вашето срце секојпат експлодира, на најдобар можен начин, од првиот момент кога ќе го видете вашето дете и секој нареден пат кога ја откривате неговата личност додека расте.

За најголемата цел како родител

– Љубовта е најважна. Тоа е она што навистина им помага да напредуваат подоцна во животот… Дали моите деца се чувствуваат сакано – е прашање што си го поставувам секој ден кога ќе се разбудам. Тоа е секојдневно и трајно прашање бидејќи знам дека тоа ќе биде главна компонентна на нивните чувства и сигурноста во животот.



912

X