Подобар квалитет на услугите во предучилишното образование и грижа, што треба да доведе до поголеми образовни постигнувања, личен развој и социјална вклученост на децата, беше тема на средбата на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со експертскиот тим кој работи на Проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, финансиран во рамките на Акција 4 „Образование, вработување и социјална политика“.

Министерката оцени дека врвен приоритет е да се обезбеди најдобриот модел со кој ќе се унапреди квалитетот на предучилишното образование на децата, преку унапредување на квалитетот на стручниот кадар во градинките.

– Мерит-системот ќе придонесе за унапредување на улогата на стручниот кадар во градинките. Тој ќе биде заснован на вредности кои ќе гарантираат објективност. Кариерниот развој ќе биде според постигнатите резултати – рече министерката Шахпаска и додаде дека тоа ќе значи и мотивација за вработените за надградување и унапредување.

Воведување систем на обуки и креирање модели, лиценцирање на стручните лица и зајакнување на родителското учество во детските градинки, особено на родителите на деца во ризик и деца кои се социјално исклучени, се дел од моделите преку кои ќе се унапредува квалитетот во предучилишното образование.



912

X