Сите близнаци ќе ви потврдат дека постои некаква мистериозна врска меѓу нив. Понекогаш е потешко да се докаже врската, а понекогаш може да се види на самиот почеток. Исто како овие две симпатични близначки.

Обидете се барем накратко да ги разделите близнаците. Во повеќето случаи не е многу лесно. Нивната врска е многу опиплива – толку многу што понекогаш и самите се изненадуваат. Тоа го докажа и мајката Адреа Гарза, која објави видео од нејзините 6-годишни близначки кои едноставно размислуваат слично и кај нив телепатијата е очигледна.

Имено, Коти и Хевен биле исклучително поврзани од раѓање и се однесувале идентично. На почеток, мајката сметала дека е случајно, но овие „случајности“ се повторувале сѐ почесто и почесто. Како што вели мајката, тие се буделе во исто време. На почеток, мајката мислела дека тоа е затоа што имаат ист распоред, но понекогаш дури и плачеле во исто време.

– Редовно бараа грицки во исто време и ги изговараа истите зборови во исто време – вели мајката, која во одреден момент помислила дека убаво би било сето тоа да го сними. Така биле создадени видеата во кои близначките ја докажуваат својата телепатија, односно екстрасензорна перцепција – феномен во кој информациите не се пренесуваат преку физичките сетила, туку со умот.

Во едно такво видео, близначките имаат на располагање идентични коцки – со различни бои и големини, а меѓу нив има преграда за да не можат да се видат. Тие наизменично ги земаат коцките и ги покажуваат над преградата. И двете ги покажуваат истите бои. Интересно е што секојпат се изненадуваат поради тоа.

– Колку се постари, толку е поочигледна нивната поврзаност, односно толку повеќе се усогласени, иако сепак градат посебни личности – вели мајката.

Извор



912

X