Времето поминато во карантин е тешко. Да си родител во ваква ситуација е навистина предизвик, но сите се трудиме најдобро што можеме. Тоа го прави и познатата тенисерка и мајка Серена Вилијамс, која покажала како го поминува времето дома со нејзината ќерка. Вилијамс и слатката Алексис, која сега има 2 години, создале танцувачка сесија во дневната соба и сето тоа го споделиле на „Инстаграм“. Двете облекле костими од Бел од „Убавицата и ѕверот“ и играле во дневната соба на песната од истоимениот анимиран филм.

 

 

View this post on Instagram

 

Keeping busy

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

Велат дека најдобра фаза од детството е кога девојчињата се облекуваат во своите омилени хероини од „Дизни“. Всушност, неколку познати мајки се поврзале со Вилијамс, која во изминатите месеци ја изрази својата солидарност кон вработените мајки.

– Не сум сигурна кој ја направи фотографијава, но да се работи и да се биде мајка не е лесно – изјавила таа, мислејќи на фотографијата објавена веднаш по објавата на која поспаната Алексис се одмора на нејзиното рамо.

– Често сум исцрпена, под стрес, а потоа играм професионален тениски натпревар. Но продолжуваме понатаму. Горда сум и инспирирана од сите жени што го прават сето ова секој ден. Горда сум што сум мајка на ова дете.

 

 

 

View this post on Instagram

 

No shade here!

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

 

Автор: Валери Вилијамс

Извор



912

X