Игротека

Семејството треба да ја знае вашата омилена песна. Тоа може да ви го спаси животот

Ова е многу повеќе отколку обичен квиз за да дознаете колку луѓето што ги сметате за блиски ве познаваат, еден ден тоа би можело да ви го спаси живот.
Имено, докторите често советуваат на луѓето кои од некоја причина се во кома да им се пушта нивната омилена песна. Тоа е познато како „тивок стимул“, нешто што е емоционално важно. Ваквите стимуланси имаат огромна моќ, па дури и во одредени случаи успеале да разбудат многу луѓе од длабока кома.

Ова се песните што се покажале како моќни средства за будење на пациентите:
1. Адел – Rolling In The Deep

Седумгодишната Шарлот Неве имала ретко мозочно крвавење и паднала во кома. Лекарите не биле оптимисти, не очекувале дека малата Шарлот еден ден ќе се разбуди. Нејзината мајката се подготвувала за најлошото. Но еден ден додека на радио свирела победничката песна на „Греми“, мајката почнала да ја потпевнува песната која ѝ будела убави сеќавања бидејќи таа им била заедничка песна. Во тој миг се случило чудо. Шарлот се насмевнала. Тоа била првата реакција на заспаната Шарлот. Два дена подоцна девојчето станало од кревет и почнало да зборува.

2.Џејмс Блант – You’re Beautiful

На родителите на 5-годишната Клаудија Делвис им се скратил животот кога нивната ќерка паднала од балконот од куќата на нивни пријатели, го скршила черепот и паднала во тешка кома. Клаудија 10 дена била во кома без никаков знак на подобрување сè додека на болничкото радио не почнала да свири нејзината омилена песна – „You’re beautiful“. „Кога почна песната, се вчудовидовме, таа почна да мрда по малку, знаевме дека почна да се буди“, раскажува нејзиниот татко.

3. „Грин деј“ – American Idiot

Кори Џорџ бил голем фан на групата „Грин деј“. На неговиот деветти роденден го удрил автомобил, по што две недели бил без свест. Кори не можел ниту да дише самостојно, болничките апарати го одржувале во живот. Неговата безнадежна мајка, слушајќи најразлични приказни за моќта на музиката, му го пуштила неговиот омилен албум од групата „Грин деј“ – American Idiot. Еден час подоцна Кори ги отворил очите и почнал да мрда со прстите во ритамот на музиката.

4. „Ролинг стоунс“ – I can’t get no satisfaction

Сем Картер имал само 17 години кога ја купил својата прва плоча, а на 60 години го извлекла од кома. И покрај тоа што имал нула шанси да преживее, Картер се разбудил од кома и го споделил чувството кога ја слушнал песната што неговата сопруга му ја пуштила во болница. „Наеднаш почувствував наплив на енергија и знаев дека во мене има уште живот, и токму тоа ме разбуди, звукот на првата песна што ја имам купено“.

5. Роби Вилијамс – Angels

Можеби се сеќавате на ужасната приказна на Австријката Керстин Фрицл. Цел свет беше згрозен кога дозна дека таа живеела во подрум со нејзината мајка/сестра. Нејзиниот татко/дедо Џозеф Фрицл ја затворил својата ќерка Елизабет во подрумот и таму ја држел цели 24 години. Монструмот постојано ја силувал, по што таа родила 7 деца, а едно од нив е Керстин. Во април 2008 година Керстин се разболела, па Елизабет го убедила монструмот да го однесат девојчето на лекар. Подоцна успешно била оживеано со песните на Роби Вилијамс. Се верува дека додека била во подрумот, Керстин од некаде ја слушала песната. Поради болеста на Керстин, се откри ужасната вистина, по што Фрицл беше осуден на доживотна казна затвор.

6.Бон Џови – Livin’ on a prayer

22-годишниот Дејвид Хасел бил поклопен од дрво, па паднал во кома. Неговата мајка во болница постојано му ги пуштала омилените песни, па забележала дека ги мрда усните пеејќи „living on a prayer“.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top