Воспитување

Семејства со три деца: Како да го препознаете миленикот?

Татините и мамините миленици отсекогаш постоеле во семејствата со три деца. Дали мајката и таткото повеќе сакаат едно од децата, не треба да биде прашање, имајќи предвид дека родителската љубов е неизмерна и безусловна, иако има фази кога децата имаат поинаков впечаток за време на нивното воспитување.

Она што сите го знаеме е дека има миленици, особено во семејства со три деца. Она што ги разликува нив од другите деца е следното:

Кој е миленик на семејството?

Прашањето за омиленото дете, исто така, произлегува од конкурентните односи меѓу браќата и сестрите. „Дали тато сè уште ме сака исто сега кога се роди брат ми?“, „Зошто мама поминува повеќе време со мојот брат“ – ова се прашањата кои сигурно ги поставуваат малечките, кога ќе добијат впечаток дека се запоставени само затоа што мајката посветува повеќе внимание на новороденото братче.

Но, од родителска перспектива, постојат индикации дека едно од трите деца „ви влегува под кожа“ и тоа е она што би можело да го класифицира како миленик. Во семејствата со три деца најчесто тоа е третото дете, кое како најмало веќе има стекнато повеќе искуство и знаење од неговите постари браќа за начините на кои може да го добие она што го сака. Сето тоа му ги олеснува односите со светот, па веднаш се добива впечаток дека се работи за мал „шармер“ на кој му оди сѐ од рака.

НЕ е правило дека третото дете ќе биде домашно галениче, постојат и други показатели. Наградите се нешто што родителите треба да го распределат рамномерно и правично – сепак има ситуации кога некои деца се пофалени или наградени за помали подвизи, додека други се чини дека треба да работат повеќе за иста награда.

Иако не е сосема точно дека милениците мора да имаат лидерски карактер, тие често се харизматични деца кои знаат да соберат други деца околу себе, кои ќе ги поддржат во нивните намери и идеи.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top