Воспитување

Село Ангелци ја добива првата градинка, достапна и за децата од околните села

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го посети селото Ангелци, во Општина Василево, за да направи увид во градежните работи на градинката во која ќе бидат згрижени 53 дечиња до шестгодишна возраст. Освен децата од ова село, во градинката која е дел од јавната установа „Прва радост“ ќе бидат згрижени и деца од најблиските рурални средини, Градашорци, Седларци, Едрениково и Вељуса. Според министерката Шахпаска, новата градинка е прва во ова населено место.

– Со ова уште еднаш покажавме дека сите деца ни се еднакво важни без разлика дали живеат во град или во село. На нашите најмалечки им обезбедуваме катче каде што ќе можат да се дружат, додека нивните родители ги исполнуваат своите секојдневни работни обврски, со што безгрижно можат да се вклучат во пазарот на трудот. Децата ќе бидат згрижени во три групи. Во едната ќе бидат сместени деца до 24 месеци и во другите две ќе бидат децата до 6 години. Предвидено е градинката да ги отвори своите врати за дечињата до крајот на оваа година – рече Шахпаска.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top