Кога дознаваме дека ни пристигнува бебе, особено ако е прво, обично почнуваме да размислуваме за животниот простор и каде ќе го сместиме новиот член на семејството. Многу парови тогаш почнуваат забрзано да бараат поголеми станови и во краток рок се селат. Но, според научниците од Универзитетот „Вашингтон“, би било подобро да се одложи селидбата.

Набљудувајќи 30 илјади жени што во првите три месеци од бременоста се селеле во друг стан и споредувајќи ги со жените што не го правеле тоа во првото тримесечје, се покажало дека во првата група ризикот од предвремено породување бил за 42 отсто поголем. Исто така, се покажало дека и ризикот од ниска породилна тежина, секако пониска од очекуваната, пораснал за 37 отсто.

Според научниците, ризично е да се селите во текот на првите месеци од бременоста. Тој податок од претходно им е познат на научниците бидејќи во различни студии веќе се покажало дека стресот и телесниот напор во првото тримесечје имаат големо влијание врз благосостојбата на детето, секако поголемо во споредба со другите две тримесечја.

Селењето ги зголемува ризиците

Научниците посочуваат дека би требало подетално да ја истражуваат оваа тематика и на некој начин уште се оградуваат од конкретни упатства за трудниците. Имено, се увериле дека жените што се селеле во раната бременост често биле млади мајки, послабо организирани, имале помал домашен буџет и веќе родено дете. Исто така, почесто биле без партнер и почесто пушеле. Сето наведено е важен фактор за ризик. Иако уште не може со прст да се покаже на одреден фактор, научниците сепак ги предупредуваат трудниците на овој дополнителен ризик.

„Сеедно дали негативното влијание е од селењето, поттикнато од стресот заради самата селидба, стресните ситуации што довеле до селидбата или намачената грижа на трудницата за себе и бременоста во текот на селидбата, изгледа дека би било корисно гинеколозите да ги прашаат трудниците дали имаат план да се селат и да ја искористат таа пригода за да им укажат на важноста на техниките за опуштање и намалување на стресот“, велат научниците во својот извештај.



912

X