За детето понекогаш е доволна само една личност да верува во него. Затоа е многу поважно каква оценка ќе добиеме ние како родители отколку оценките што ќе ги добие нашето дете!

Додека ги читав интервјуата што ги водев со родителите кои ги запишуваа своите деца во прво одделение, прочитав еден одговор кој ме израдува. На прашањето: „Каков успех очекувате од вашето дете?“еден татко одговорил: „Добар! Секоја оценка е за децата!“ За жал, повеќето родители од своите деца очекуваат одличен успех без да увидат дека секоја оценка е за децата и дека не може секогаш да добиваат петки.

Мене, како родител чие дете за две години ќе биде прваче, но и од гледна точка на педагог, најважно ми е какви лични особини ќе развие моето дете и свесна сум дека ќе добива различни повратни информации од својот наставник. Баш тоа – оценката е повратната информација! Ако детето се потруди и даде сè од себе, оценката е помалку важна.
Ни јас не бев секогаш добар ученик. Се сеќавам кога бев прва година во средно училиште имав многу единици. И се сеќавам на зборовите на мајка ми: „Ќе ги поправиш оценките. Затоа што го можеш тоа!“ Колку силни зборови на поддршка! Ме разбудија!

За детето понекогаш е доволно само една личност да верува во него. И затоа е многу поважно каква оценка ќе добиеме ние како родители отколку оценките што ќе ги добива нашето дете!

Автор: Билјана Чулафиќ, педагог



912

X