Секоја мајка знае колку труд и работа подразбира мајчинството. Дали некогаш сте се запрашале зошто да се биде мајка е толку исцрпувачко? Една нова студија вели дека жената троши енергија на мајчинството како да работи 2,5 работни места со полно работно време, истовремено.

Знаеме дека мајките се суперхероите на светот, способни да ги издржат непроспиените ноќи, раните утрински будења, немилосрдниот стрес, болките во телото и бурните бранови од емоции. Од ден на ден, тие ефикасно се справуваат со предизвиците на мајчинството, учат додека се на работа и ги приспособуваат своите рутини за да ги стават своите деца на прво место.

Мајчинството може да биде тешко и напорно. Според една неодамнешна студија, нарачана од американската компанија „Велч“, американските мајки работат во просек 98 часа помеѓу жонглирањето со обврските на работа, готвењето, чистењето, возењето на децата до и од училиште, управувањето со активности по училиште и помагањето на децата во завршувањето на домашните задачи.

Измерете го тоа во однос на вкупниот број часови во неделата (168 поточно) и резултатот вели дека тие се во движење 58% од времето. Тоа е еднакво на работа која подразбира две и пол работни места, со полно работно време. Затоа не е чудно што мајките се исцрпени.

Во извештај за 2017 година биле анкетирани 2.000 мајки на национално ниво (САД), со деца на возраст од 5 до 12 години, врз основа на целта на „Велч“ – да обезбеди лесни и едноставни решенија за исхрана за семејствата. Студијата, исто така, побарала од учесниците да ги проценат нивните ресурси додека ја одржуваат куќата.

„Резултатите од анкетата нагласуваат колку е напорна улогата на мајката и постојаниот налет на обврски што со себе ги носи мајчинството“, вели Кејси Луис, менаџер за здравје и исхрана.

Истражувањето вели дека мајките ги започнуваат своите 14-часовни смени во 6:23 часот наутро, завршувајќи го денот околу 20:31 часот. Што е со паузата за ручек? Секој ден можеби имаат приближно еден час и седум минути пауза. Но, сите мајки можат да гарантираат дека дури и цел еден час пауза е вистинска реткост.

Што ги одржува здрави?

4 од 10 жени, исто така, рекле дека се чувствуваат како нивните животи да се „непрекината серија на задачи“, буквално секоја недела. Но, додека се борат со оброците, развиваат трикови за да ги натераат децата да ги јадат и се справуваат со притисокот од хранењето на нивните семејства со здрави и хранливи оброци, па мајките како да имаат тајно оружје за да ја завршат целата работа.

Ова е прашање кое сега доби и свое име, благодарение на истражувањето на „Клиничка психолошка наука“ – и се нарекува: „родителско согорување“. Тоа е хроничен стрес и екстремна исцрпеност, што предизвикува родителите да се чувствуваат исцрпени, демотивирани и несигурни во своите родителски способности.

Грижата за себе е важна, за позитивно да се влијае врз физичкото, менталното и емоционалното здравје на мајките и се разбира, да им се даде заслужениот одмор.

Како да добиете малку „време за себе“

За мајките што сакаат да преземат целосна контрола над своето време, најдобро е да го прават она што ги прави среќни. Сетете се на деновите пред да ги имате децата или дури и пред бракот. Запрашајте се што сте сакале да правите, а е нешто во кое не сте можеле да уживате некое време. Може да биде нешто едноставно како гледање на вашата омилена серија, бањање, читање или некое хоби, како и изработка на некакви креативни творби.

Извор



912

X