„Кога ќе погледнам дете, тоа во мене буди две емоции: нежност поради она што е и почит поради она во што можеби ќе прерасне“ – Луј Пастер.

„Да останеме ова што сме. Утре. И секогаш. Деца. Не големи, не возрасни. Да не се завлекуваме секој во својата лушпа, едни на други да не дозволиме да бидеме она што не сме“ – Меша Селимовиќ.

„Децата во контакт со природата ја откриваат својата вистинска сила“ – Марија Монтесори.


„Вашето дете ќе стане како вас, затоа бидете такви какви што сакате да бидат вашите деца“ – Дејвид Блај.

„Пред бракот имав 6 теории за воспитување деца. Сега имам 6 деца и ниту една теорија“ – Ерл од Рочестер.

„Една од најсреќните работи што може да ви се случат во животот е среќно детство“ – Агата Кристи.

„Од децата можете многу да научите. На пример, колкаво трпение имате“ – Френклин П. Џоунс.

„Само децата што не слушаат може да станат подобри од своите родители“ – Душко Радовиќ.

„Убаво е да се биде актер, прекрасно е да се биде жена, но најубаво е кога ќе станете најдрага пријателка на своите деца“ – Ингрид Бергман.

„Јас имам многу цвеќиња, рече тој, но најубавото цвеќе се децата“ – Оскар Вајлд.

„Заспано дете е најубавата работа на светот, тоа е најнежната глетка што може да ја гледаат човековите очи“ – Сајн Струвелс.

„Во децата се обновува и чисти реката на човештвото“ – Иво Андриќ.

„Ќе дознаеме колку малку знаеме тогаш кога детето ќе почне да ни поставува прашања“ – Ричард Л. Еванс.

„Патишта има триста да се замине од детството. А, само ретките се сеќаваат, да останат вечно дете“ – Мирослав Мика Антиќ.

„Детскиот плач е поостар од забите на змијата“ – Вилијам Шекспир.

„Не гледајте на детето како на некоја скапоценост, туку трудете се да прерасне во тоа“ – Петер Росегер.

„Децата наоѓаат сè во ништо, а возрасните ништо во сè“ – Ѓакомо Леопарди.

„Уживањето и гледањето на детската убавина и среќа прави моето срце да биде преголемо за телото“ – Емерсон.

„Единствено дете може да научи возрасен на 3 работи: да биде задоволен без причина, секогаш со нешто да се занимава и да умее да го бара со сите сили она што го сака“ – Пауло Коелјо.

„Кога сакаш да дознаеш дали некоја личност во твоја близина е достојна за доверба, најпрво види како некое дете гледа на неа“ – Пауло Коелјо.


„Секогаш бакнувајте ги своите деца пред спиење – дури и ако веќе заспале“ – Гери Смали.

Извор



912

X