Игротека

Секое петто дете во Велика Британија има кошмари поради климатските промени

Едно од пет деца има кошмари за климатските промени, открива британско истражување, откако учениците на глобално ниво организираа протести поради недостиг на активности за спречување на глобалното затоплување.

Околу 17 отсто од децата во Велика Британија изјавиле дека загриженоста за климатските промени им го нарушува спиењето, додека 19 отсто изјавиле дека овие стравови им создаваат кошмари.

Истражувањето спроведено на 2.000 деца на возраст од 8 до 16 години, спроведено од „Саванта-Комрс“ за „Би-би-си њусраунд“, исто така откри дека две од пет, или 41 отсто не им веруваат на возрасните дека можат да справат со климатската криза.

Во текот на изминатата година, милиони млади ги преплавија улиците на градовите низ целиот свет барајќи од политичките лидери да преземат итни чекори за спречување на климатските промени, инспирирани од 17-годишната шведска активистка Грета Тунберг.

Временските промени им влијаат на децата. Научете како да се однесувате

Ема Цитрон, консултант-клинички детски психолог од Лондон, рече дека младите луѓе стравуваат од климатските промени. Истражувањето откри дека 58 отсто се загрижени за влијанието што климатските промени ќе го имаат врз нивните животи.

– Јавните личности како Дејвид Атенборо и Грета Тунберг им помогнаа на младите да ги искажат своите грижи и ние мора како возрасни да ги слушаме и да им помагаме да бидат вклучени во позитивните промени – рече таа.

– Сите ние треба да ги поддржиме да не се чувствуваат безнадежно и да им презентираме надежни и избалансирани пораки за нивната иднина и да обезбедиме дека ќе добијат соодветна стручна помош доколку нивната вознемиреност е голема – додаде таа.

Американската психолошка асоцијација соопшти дека е свесна за извештаите за растечката „екоанксиозност“ кај децата, но потребни се истражувања за да се утврди колку е често.

Речниците на „Оксфорд“ во Велика Британија забележаа зголемување од 4,290 отсто кај терминот „екоанксиозност“ во 2019 година, особено кај младите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top