Воспитување

Седумте ветувања што секоја мајка треба да му ги даде на своето дете

Кога се исплашени и вознемирени, понекогаш на малите дечиња не им се доволни само цврста прегратка и бакнеж, туку и конкретно ветување дека сè ќе биде во ред. Во животот може да се појават многу вакви ситуации во кои нашето ветување како родители е пресудно, па затоа е неопходно да ги препознаеме и да им влееме сигурност на децата, со искрен став.

Ќе дојдам по тебе

Знам дека се плашиш дека нема да дојдам да те земам од градинка. Но, дури и ако сите твои пријатели си заминат, а ти останеш последен, јас ќе дојдам. Можеби ми се расипал автомобилот, заглавив во сообраќај или ме задржале на работа, но секогаш ќе дојдам да те земам.

Секогаш ќе те сакам

Ако си западнал во неволја или си донел погрешна одлука, сето тоа може да има последици, но тоа нема да го промени начинот како се чувствувам за тебе. Јас секогаш ќе те сакам. Твоите избори не менуваат кој си во моите очи. Секогаш ќе бидеш мое дете.

Секогаш ќе те слушам

Секогаш можеш да дојдеш кај мене. Ќе дадам сè од себе да не ги минимизирам твоите чувства или да не претерувам. Дури и да си западнал во голема неволја, ќе те слушам. Но, треба да знаеш дека некои ветувања за децата доаѓаат со предупредување. Ова е едно од тие предупредувања. На крајот, и јас ќе сакам да разговараме, и се надевам дека ќе бидеш подготвен да слушнеш што имам да кажам.

Ќе те подготвам за животот

Нема да ти го олеснам патот, но ќе дадам сè од себе да ти помогнам да растеш во областите кои се најважни: упорност, храброст, вера, мудрост и чесност. Понекогаш оваа подготовка нема да биде добра, но јас ќе бидам тука за тебе, ќе те бодрам и никогаш нема да те доведам во ситуација со која мислам дека не можеш да се справиш.

Секогаш ќе го сакам твојот татко

Знам колку ти е важно да имаш мајка и татко кои се сакаат и го покажуваат тоа, па твојот татко секогаш ќе ми биде приоритет. Дури и кога мајките и татковците не се во брак, тие сè уште го негуваат оној дел од другиот што ни помогнал да ги создадеме нашите деца.

Ќе те оставам да бидеш тоа што си, а не тоа што сакам јас

Имаш неверојатен потенцијал и ти посакувам сè најдобро, но знам дека моите желби за тебе можеби нема да се поклопат со твојот избор. Ветувам дека ќе те оставам да го правиш она што те интересира и дека ќе се изразиш на свој начин.

Ветувам дека ќе те пуштам кога ќе бидеш подготвен

Јас можеби никогаш нема да бидам подготвена за тоа! Една од најтешките, но сепак најисплатливи работи за една мајка е да ги гледа нејзините деца како растат. Се бориме со чувството на потреба и сознанието за нашиот идентитет и надвор од тоа што сме „мајки“ 24 часа на ден. Но, ветувам дека ќе го олабавам мојот стисок и верувам дека ќе можеш да се грижиш за себе кога ќе дојде време за тоа. Не откажувај се од твоите соништа или цели затоа што мислиш дека ми требаш. Ја имаш мојата дозвола да си го живееш својот живот.

Автор: Жељка Крмпотиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top