Дали и вашето дете се разболува кога поаѓате на море или имате важен состанок на работа?

1. Вирусите и бактерии од училиште или градинка децата ќе ги споделат со целото семејство. Немојте ниту да се обидувате да го изолирате детето од браќата и сестрите кога ќе се случи тоа. Утредента или неколку дена подоцна и другите ќе се разболат. За една недела ќе им се приклучи и таткото, а најверојатно и кучето.

2. Кога сите ќе почнат да се чувствуваат подобро, тогаш вие ќе се разболите. Ова е невозможно да се избегне. И тоа е страшно бидејќи ќе продолжите да готвите, да го храните и забавувате семејството, на кое баш и не му е грижа дали мајката е болна и како се чувствува. Бидејќи мајките никогаш не се болни.

3. Детето ќе се разболи во најлошиот можен момент. Пред да тргнете на летување. Кога ќе одлучите првпат по десет години да направите прамени во вистинскиот фризерски салон. Или третиот ден откако сте се вратиле од породилно отсуство. Телефонот ѕвони, ви се јавуваат од градинката и велат дека детето повратило по другите деца. Или дека има вошки. Или дека има температура. Сеедно. Децата не се разболуваат дома кога мајката е присутна и гледа телевизија. Зошто? Затоа што мајката никогаш не седи и не гледа телевизија.

4. Секогаш ќе носите погрешни одлуки. Ако вашето ангелче изгледа како да ќе умре во наредните неколку минути и вие одлучите да го оставите дома тој ден, ќе се случи чудесно заздравување и скокање низ целата куќа. Се разбира, ако одлучите да го испратите на училиште или во градинка, многу брзо ќе ви се јават да го земете детето, бидејќи не му е добро.

5. Некои деца ги земаат лековите без негодување. Вашето дете не спаѓа во нив. Тоа плаче, вреска, повраќа, се шутира и вреска додека вие се обидувате во уста да му ставите лажичка со сируп. Дури и ако успеете, детето ќе го исплука по себе, а и по вас.

6. Во 99 од 100 случаи, посетата на лекар ќе биде целосно непотребна. Секогаш е вирус и настинка и ништо не можете да направите освен на детето да му дадете да пие повеќе течности и витамин Ц. Тоа, се разбира, ви го кажуваат откако чекате неколку часа во чекалната со деца кои се еднакво нервозни и болни како и вашето дете. Тоа ви го кажуваат откако сте им помогнале на две сестри да го совладаат детето за да му земат брис од носот и грлото.

7. Дури иако сценариото од претходната точка многу пати се повторувало, вие сепак ќе го однесете детето на лекар секој пат кога ќе се разболи. Ќе поминувате низ целиот процес бидејќи не сакате да се чувствувате како чудовиште на кое не му е грижа дали детето е болно или не. И потоа ќе го испратите на училиште за ден или два, додека вие ќе завршите болни од вирусот кој сте го добиле во чекалната.

 



912

X