Калциумот е една од најважните хранливи материи, а особено е важен за детето да се развива правилно. Кога го нема во доволни количини, детето може да има многу здравствени проблеми кои, меѓу другото, многу може да влијаат врз квалитетот на неговиот живот. Токму затоа, според педијатрите, важно е навреме да се препознае недостигот на калциум.
Раните знаци на недостиг на овој важен минерал се игнорирани од страна на многу родители или често погрешно се припишуваат на други состојби. Еве кои се точните предупредувачки знаци:
-грчеви во мускулите
-кршливи коски
-послаб имунитет
-често крвавење на непцата од забите
-слаби и кршливи нокти
-замор
-проблеми со спиењето (несоница, често будење во текот на ноќта).
Најчесто не се работи за драстичен недостиг на калциум, поради што најлесно се коригира со правилна исхрана, односно со консумирање на храна која е позната по тоа што содржи големи количини калциум. Тоа се млеко и млечни производи, сина риба, зелен листест зеленчук, семки, кељ, смокви и јаткасти плодови.
912