Ова се работи што ги прават мајките, а јас повеќе нема да ги правам

1. Бањање на децата секој ден

Освен ако не се тркалаат во кал, не им треба бањање секој ден. Во лето тука се потењето, песокта и остатоците од кремот за сончање, но во зима секојдневното капење само ја суши детската кожа и предизвикува исип на чувствителна кожа. Капењето двапати неделно е сосема доволно и ќе ме поштеди од секојдневна борба со лизгаво, буцкаво мало дете.

2. Комплицирана процедура за заспивање

Сите ни кажуваат дека мора да воспоставиме рутина пред спиење што вклучува бањање, масажа, придушени светла за време на доењето, што трае еден час. Сега, моето дете има 4 години, а во меѓувреме во рутината навлегоа: 1. Пеење песна; 2. Читање три книги; 3. Слушање песна; 4. Играње; 5. Играње игри што ги измисли тато; 6. Борење за „лесна ноќ“; 7. Миење заби; 8. Играње бурито кога го виткаме детето во ќебе како палачинка; 9.Чаша вода; 10. Десетина бакнежи и гушкања; 11. Уште една чаша вода; 12. Уште еднаш одење на мочкање; 13. Уште една чаша вода. Рутината почнува во три попладне. Планирам да исфрлам сè освен миење заби и кратка приказна пред спиење.

3. Купување органска храна

Последните пет години ги поминав во самопослуга размислувајќи дали да потрошам четири пати повеќе пари на органско јаболко или да купам обично. На крајот, не купив ниедно. Повеќе нема да се грижам за тоа. Подобро е да купувам овошје и зеленчук отколку да не ги купувам воопшто само затоа што не можам да си дозволам органски.

4. Принудување на децата да јадат зеленчук

Го принудувавме првото дете да јаде одреден број залачиња зеленчук пред да добие десерт. Тоа доведе до бесконечни дебати за тоа колку храна на виљушка се смета за „залак“. Немам трпение со второто дете да разговарам дали допирањето брокула со јазик се смета за залак.

5. Бесконечно трпение

Навистина се обидувам да се контролирам. Но, понекогаш, едното дете не престанува да го притиска копчето на неговата музичка играчка, телефонот ѕвони, а јас не можам да го најдам, овесот гори и другото дете ја практикува својата вештина да поставува прашања со едвај чуен глас. И тогаш пукам. И не е ништо страшно – не е добро за децата да бидете бесконечно трпеливи, бидејќи светот не е таков. Сите нормални луѓе понекогаш ги губат нервите и добро е децата да го знаат тоа.

6. Совршено одржување на домаќинството

Една пријателка неодамна рече: „Барем да знаев дека кога стануваш мајка значи дека ќе станеш и чистачка“ и тоа е вистина. Ја чистам кујната четирипати на ден. Ја вадам нечистотијата од подот со ноктите. Но, сега почнувам да станувам мрзлива – делумно затоа што не сакам да чистам, а делумно затоа што сакам тие самите да почнат да го прават тоа. Очекувам сами да си ги земат своите играчки, да ја здиплат облеката, да учествуваат во неделното метење со правосмукалка и бришење прашина. Јас би го сторила тоа побрзо сама, но не сакам да се чувствувам како слугинка. Подобро е да бидеме малку неуредни, па со текот на времето ќе научиме дека секојдневните мали напори се подобри за домаќинско работење отколку сезонските големи подготовки.

7. Поминување цел викенд со децата

Она што најмногу ми недостига од животот пред децата е времето за себе, дома, во мир. Значи, да започнеме со практиката да ги добиваме четирите часа неделно без деца и обврски, од 8 часот наутро до пладне. Другиот родител ги вади децата од дома. Јас веќе се радувам за ова!

Автор: Л. Андерсон

Извор



912

X