Морате да одите во веце – постојано

Мокрењето и бременоста одат рака под рака – вашето бебе практично го користи вашиот мочен меур како перница. Можете да спречите да одите во тоалет во текот на ноќта ако пиете многу вода во текот на денот, а да намалите навечер, но тоа не е најсигурно решение. Фокусирајте се на тоа да најдете начини преку кои лесно ќе заспивате откако веќе ќе станете за во тоалет. Еве една идеја: користете светла со мала волтажа во ходникот и во тоалетот бидејќи силните светла може да ве расонат.

Имате дремки подоцна во денот

Исцрпени сте, тоа е факт, но ако преспивате во текот на денот, тоа нека биде пред 15 часот. Тогаш ќе имате помалку пречки во ноќното спиење.

Чести проблеми со киселини

Ако варењето на храната ве држи будни, обидете се да не јадете ништо два часа пред да одите на спиење и избегнувајте зачинета храна. Сосема е безбедно да земете некои лекови против киселини. Постојат уште неколку трикови: обидете се да ја подигнете главата на креветот и легнете на левата страна.

Не можете удобно да се сместите

Големината на стомакот веќе почнува да ви пречи и ниту една положба не ви одговара за спиење. Зборувајте со вашиот лекар. Според Националната фондација за спиење во САД, една од четири бремени жени има синдром на немирни нозе. Ако тоа е случај со вас, можеби не добивате доволно железо или фолна киселина – и двете многу важни за развојот на вашето бебе. Ако е така, треба да земате дополнителни дози.

‘Рчите

Зголемената тежина, комбинирана со потечени дишни патишта, предизвикува ‘рчењето да биде почесто. Обидете се со капки за нос кои ќе ви помогнат во процесот на дишење.

Бебето клоца навечер

Бебињата обожаваат да се движат во утробата кога мајката е смирена. Ако чувствувате мрдање, нема некој начин на кој би го сопреле тоа. Сепак, ако бебето е будно навечер додека е во стомакот, тоа не значи дека така ќе биде и кога ќе се роди. Можеби ако го знаете ова, полесно ќе ви биде да се опуштите. Релаксирајте се и уживајте во движењата на вашето бебе.

Во паника сте

Мислите на сите обврски, на породувањето и обврските што со себе ги носи мајчинството, па затоа умот ви работи забрзано навечер. Но, наместо да се превртувате и постојано да станувате од креветот, направете топла бања или читајте книга. Избегнувајте да играте игри онлајн бидејќи светлото од екранот може уште повеќе да ве расони.

Неколку совети што ќе ви помогнат:

Дневното вежбање може да ви помогне за помирен сон, па без разлика во кој месец сте, обидувајте се да одвоите  30 минути во денот за прошетка, движење или пливање.

Болки во грбот? – Ставете перница помеѓу нозете додека спиете за да го намалите притисокот.

Грчеви во нозете? – Подигнете ги нозете колку што можете во текот на денот додека седите. Дури подобро – побарајте партнерот да ве измасира. На крајот на краиштата, колку подобро вие спиете, толку подобро и тој ќе спие. (Навистина. Кажете му го тоа.)

Автор: Синтија Рамнарејс



912

X