Студиите покажале дека нарцизмот како појава е во пораст, што значи дека здравите врски ќе стануваат сè поретки. Ако сакате вашето дете да порасне во здрав возрасен човек, не правете ги овие работи.

Не правете го вашето дете центар на универзумот

Јасно е дека го сакате вашето дете, но треба да научи дека околу него и покрај него има и други луѓе што имаат чувства. Научете го вашето дете дека секој треба да биде во фокусот, да биде внимателен кон другите и дека сите се важни.

Кога вашето дете е злобно кон некого, прашајте го како би се чувствувало кога би било на негово место

Нарцисите често прават работи само затоа што чувствуваат дека имаат право на нив. Мора да му помогнете на детето да разбере дека со злоба и манипулации нема да стекне пријатели и дека може да ги повреди другите со своите постапки.

Дозволете му на вашето дете понекогаш да не успее

Не инсистирајте на посебен третман за вашето дете, без разлика дали е во градинка, училиште или на тренинг. Научете го вашето дете да се справи со неуспехот и фрустрацијата.

Фокусирајте се на односите

Еден од најлесните начини да се осигурите дека вашето дете не се претвора во нарцис е да се фокусирате на вистинските пријателства. Кога децата имаат вистински пријатели и вистински односи и врски со луѓето, помала е веројатноста да се однесуваат како нарциси.

Научете го да вели „не“

Децата треба да научат да поставуваат граници, а тоа значи одвреме-навреме да кажуваат „не“.

Фокусирајте се на покажување топлина, а не на пофалби

Преголемото упатување пофалби води до нарцисоидно однесување и ги тера луѓето да мислат дека заслужуваат повеќе. Од друга страна, топлината и блискоста смируваат.

Научете го вашето дете дека љубовта не значи исто што и одобрување

Нарцисите често не го разбираат ова и имаат тенденција да го сметаат одобрувањето за поважно и подобро од љубовта. Мора да го научите вашето дете на разликата помеѓу двете и да му објасните дека одобрувањето е минливо.

Извор



912

X