Да се биде родител не значи дека вашата љубов е наменета само и исклучиво за вашето малечко. Лесно е да бидете обземени од нивната сладост или кикотење, или пак од нивните очи. Да се биде родител е одговорна работа која многу бара, па често ги губиме сите други делови од нашиот идентитет поради тоа.

Да се биде одличен родител значи да наоѓаме начини да ги вреднуваме и другите наши делови. Можеме да бидеме најдобрата верзија од себе кога ќе си дадеме дозвола да се грижиме и за другите делови од нашиот идентитет, како и кога ќе ги вреднуваме различните улоги што ги имаме. Вистината е дека целината е подобра кога ги негуваме нејзините делови.

Сметајте се себеси како еден систем, машина која има различни делови што треба да бидат недопрени за да функционираат најдобро. Сега размислувајте за различните делови од вашиот идентитет што го сочинуваат тој систем: Мајка. Татко. Партнер. Пријател. Ќерка. Син. Сестра. Брат. Маратонец. Велосипедист. Музичар. Уметник. Читач. Работник. Вработен. Волонтер.

Ако сте човек што трча, а не сте отишле да трчате еден месец, тој дел од вашиот систем ќе се чувствува запоставен. Мислете на трчањето како да е некоја завртка. Ако не ја зацврстувате, завртката ќе почне да се олабавува. Можеби нема да падне, но ако не се затегнува секој ден, тој дел од машината нема да функционира најдобро што може. Секојпат кога одите да трчате ја зацврстувате завртката. Ја почитувате. И затоа целиот систем ќе работи подобро.

Треба да направите намерни напори за да се почитувате себеси, да ги почитувате партнерството и семејството. Одвојте време да ги идентификувате сите делови од себеси и да ги почитувате како дел од вашиот идентитет.

1. Направете листа на сите делови од вашиот идентитет. Малечки и големи.

2. Заокружете ги првите пет. Мислете за нив дека се вашите најважни завртки во системот.

3. На скала од 1 до 10 (10 е најдобро), направете листа колку добро го вреднувате секој дел од себеси во неделата. Некои недели ќе бидат подобри од другите. Можеби ќе забележите дека на некои „завртки“ треба да им се посвети повеќе внимание, па така ќе видите и каде треба да воведете промени.

4. Обврзете се да правите една работа секоја недела за да го почитувате и развивате секој дел од вашиот систем. Со ова обврзување се ставате себеси на преден план.

5. Додајте нови работи во вашата рутина. Каква било активност што ве исполнува може да се најде на оваа листа, на пример, да му пишувате порака секое утро на вашиот партнер, секогаш кога некој од вас двајца ќе излезе од дома.

6. Поставете си цели. Направете листа од три работи во кои сакате да бидете подобри и кои ќе ја подобрат вашата врска. Споделете го ова со вашиот партнер и побарајте да ве потсетува кога ќе можете и двајцата да го дадете максимумот од себе за да бидете подобар пар.

7. На крајот од секоја недела прашајте се што сте постигнале и како сте се чувствувале таа недела. Ова е прекрасен начин за да водите сметка за себе. „Каков партнер бев неделава?“, „Што можев да направам различно?“, „Следната недела ќе се фокусирам на…“

Да се биде родител е многу одговорна работа која бара многу од вас. Бара да престанете да ги поставувате за приоритети деловите од себе, но тоа не значи дека не можете често да правите мали работи што ги поддржуваат и развиваат убавите делови од вашиот идентитет.

Вие сте повеќе од родител и тоа е во ред. Ја имате сета дозвола на светот да се грижите за себе, за вашиот систем да функционира најдобро што може.

Автор: Виена Фараон



912

X