По седум години залудно обидување да имаат дете, Дастин и Ракел Хол изгубиле неверојатни 195 килограми вкупно за да можат да станат родители.

Откако седум години се обидувале да забременат, лекарите им рекле дека единствената шанса да станат родители е да изгубат прилично многу килограми.

– Можевме да имаме дете само ако двајцата изгубевме голем број килограми, притоа одржувајќи ја тежината. Не можев да бидам активен татко со тогашните 242 килограми, не можев ни сам да си ги облечам чевлите – вели 37-годишниот Дастин.

Во јули 2016 година Дастин со операција го намалил желудникот, го променил начинот на исхрана и почнал да вежба. За две и пол години успеал да стигне до 98 килограми.

Ракел била мотивирана од неговото слабеење, па во 2018 година и таа го оперирала желудникот, а откако изгубила 52 килограми, во април 2020 година останала бремена. На 21 декември 2020 година тие станале родители на девојчето Присли.

Ракел вели дека 7 години се обидувале да имаат дете и веќе ја изгубиле надежта дека некогаш ќе станат родители. Нивното здравје било сериозно нарушено од дебелината што ги мачела со години.

– Вредеше секој изгубен килограм, секоја потрошена калорија и секој момент поминат вежбајќи за да се стане мајка – изјави Ракел откако родила здраво девојче.

Извор



912

X