Додатокот за трето дете ќе се укине, а ќе се дава еднократна помош за секое родено дете. Ова се предвидува со измените на Законот за заштита на децата, со кои се бришат членовите од Законот со кои беше предвидена помошта за трето дете, објави порталот „Сакам да кажам“.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека не станува збор за укинување на надоместокот, туку за унапредување на правото на користење на надоместок и на прво, и на второ, и на трето дете.

Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за заштита на децата е објавен на страницата на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Допрва треба да се разгледува на владина седница пред да се даде на усвојување во Собранието.

Практично, како што објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика, оние што досега добиваат додаток ќе продолжат да го добиваат. Ќе имаат право на него и мајките што ќе се породат по 10 месеци откако законот ќе стапи во сила. Промените би се однесувале на новите корисници.
– Стекнатото право на родителски додаток за дете (за трето и четврто дете) ќе продолжи да се остварува. За трето дете до завршување на периодот од десет години, а за четврто дете и кај единствениот родителски додаток до завршување на периодот од 15 години. Промените се однесуваат на новите корисници – истакнува ресорното министерство.

Со измените на Законот за детска заштита, кој беше донесен во 2009 година, од владата на тогашниот премиер Никола Груевски мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете 10 години, а за родено четврто дете ако добива додаток за трето дете, помошта е 11.267 денари во рок од 15 години.



912

X