Бритни Алба, наставничка во основно училиште од Тускалуса, во американската сојузна држава Алабама, по втор пат родила идентични близнаци. Бебињата се развиле во иста плацента и имале заедничка амнионска кеса, што се случува само кај еден процент од ваквите бремености. Таквите близнаци се нарекуваат моноамнионски и монохорионски близнаци или скратено „MoMo“ близнаци.

Алба дознала дека е бремена со близнаци по само шест месеци откако ги родила првите близнаци – Лук и Леви. Таа очекувала уште едно бебе, но потоа се шокирала. Открила дека очекува „MoMo“ близнаци, што значело голем ризик. Имено, споделувањето на плацентата и амнионската кеса го зголемува ризикот од проблеми со протокот на крв кај секој близнак, како и ризикот од заплеткување на папочната врвца.

Затоа, Алба била примена во болница во 25. недела од бременоста и таму поминала повеќе од 50 дена пред да ги роди девојчињата Лидија и Линли.

Новопечените родители велат дека близначки бремености никогаш не биле забележани во нивните семејства, па затоа сознанието за двојни идентични близнаци било големо изненадување.

Извор



912

X