Ако нешто нè научи работата од дома со децата околу нас, тоа е подлабоко разбирање за таткото чие интервју на Би-би-си беше прекинато кога неговите деца влегоа во собата, за неколку моменти подоцна да влезе мајката како ураган и да ги „собере“. Клипот ќе остане запаметен од интернет-корисниците, но сега е време да му отстапи место на една мајка.

Скот Брајан, ТВ-критичар, на својот твитер-профил сподели видео од една жена која дава интервју во емисија за Би-би-си њуз во врска со пандемијата, карантинот, како и потенцијалните жаришта на вирусот. Прилично сериозен разговор. Но, во заднина се случува нешто навистина смешно. Таму е нејзината ќерка и се обидува да стави слика од еднорог на една од полиците.

Невозможно е да се игнорира, а најдобриот дел од интервјуто е што никој не се преправаше дека ја игнорира. Во еден момент водителот ја праша жената како се вика нејзината ќерка.

– Како се вика ќерка ти? – праша водителот, на што жената одговори: – Скарлет.

– Мислам дека изгледа подобро на долната полица – рече тој, осврнувајќи се на обидите на Скарлет да ја стави сликата со еднорогот. – Тоа е прекрасен еднорог.

Интервјуто си продолжува, но Скарлет повторно го прекинува со прашањето како се вика водителот. Мајката се обидува да ја замолчи и да се врати на интервјуто, но ќерката навистина сака да го знае името.

Целата ситуација е прилично симпатична, а тоа го мислат и над 1,5 милион луѓе што го виделе видеото.


Извор



912

X