Кога на „Инстаграм“ неодамна се појавија фотографии од 8-годишната Украинка Милана Маханец и нејзиното 13-годишно момче и Паша Паија, на кои се во интимни пози, за секунда се крена медиумска прашина во целиот свет. И двете деца се блогери, а профилот на Милана на „Инстаграм“ го води нејзината мајка Дарја. Фотографиите се избришани откако ја вознемирија јавноста, но не и последиците од ваквото однесување. Слични работи секојдневно се случуваат и пред наши очи, бидејќи на секој чекор можеме да видиме основци кои се фотографираат во пози наменети за значително повозрасни од нив, облечени несоодветно за својата возраст.
Вештачка сексуалност
Изложеноста на децата на масовните медиуми како и достапноста до несоодветни содржини уште од мали нозе ги насочува кон „инстант созревање“. Социјалното учење, како и учењето по модел, е еден од важните моменти во детскиот развој. Изборот на причини е многу значаен, со оглед на тоа дека децата имитираат и се идентификуваат со своите „идоли“.
Семејството мора да ги ублажи ефектите на социјалните мрежи
Сексуалниот нагон индивидуално се појавува и се развива, а е условен од биолошки нагон и социјално-културолошките фактори. Воопшто, според Фројдовата теорија, по поминувањето низ одредени фази во развојот, сексуалноста на децата до 12 година е во период на латенција – вели Мина Богдановиќ, дефектолог од Србија.
Родителот поставува граници на лажно и совршено
Богдановиќ вели дека најважна референтна рамка е семејството. Семејството би требало да биде фактор кој ги ублажува ефектите од социјалните мрежи.
– Улогата на родителите е клучна во развојот и воспитувањето на децата, а нивниот однос во голема мера влијае врз тоа како ќе биде изградено детето како личност. Посветеноста на родителот и квалитетно поминатото време, блискоста и сочувството, овозможуваат здраво растење. Родителот би требало да го насочи детето на вистинските вредности и јасно поставените граници помеѓу лажното совршено, имагинарното и реалниот живот – истакнува Богдановиќ.
Култ кон телото и лицето
Култот на совршени лица и тела, искривена реалност во која сè се презентира гламурозно на социјалните мрежи, ги фасцинира младите и ги насочува кон формирањето на ставот „ако убаво изгледаш – ќе бидеш прифатен“. Несигурноста на времето и економските услови во кои живееме ги олеснуваат продорот и прифатеноста на медиумските содржини што пропагираат престиж.

Само им е важно да си убав – ако не си, немаат емпатија
Со применувањето одредено однесување кое не потекнува од домот, како и влијанието на средината, може евентуално да дојде до нивен различен став кон животот и развивање различни емпатии. Дури се случува и да немаат емпатија, туку да одат само кон површност во односите. Дружењето е визуелно, инстантно: убав си – не си убав – напоменува дефектологот.
Богдановиќ истакнува дека децата стануваат свесни за себе пред крајот на основното образование. Ретко кој знае каде да се запише понатаму, се потпираат на родителите и пријателите. Хормонски се менуваат од година на година, се појавуваат мозолчиња, поголем нос, долги, кратки раце итн.
Наместо во парк, одат на палачинки и тоа го објавуваат
– Се кријат зад фотографии и фотомонтажи на мобилните телефони, односно низ филтри. Сè се случува само затоа што тоа е поставено како модерно. Погледнете кои се нивни родители. Ако детето има мајка која, на пример, постојано се фотографира со полни усни, тоа ќе го преземе тој модел. Децата не се во дворот, не сакаат да шетаат низ населбата, туку по трговските центри, одат на крофни, палачинки, во кафулиња и тоа веднаш се поставува на стори, Колку повеќе допаѓања добиваат, толку се поголеми фаци – вели Богдановиќ.
Како да спречи манипулацијата од социјалните мрежи?
– Најпрво родителот треба да постави граница, да забрани или да дозволи. А тука е и училиштето во кое детето поминува многу време – вели дефектологот.