Воспитување

Се санираат оштетените детски игралишта во Општина Аеродром

Екипи на Општина Аеродром утринава ги поправаат оштетените детски игралишта што викендов беа цел на вандалски чин, информираат оттаму.

Најголема штета е забележана на детското игралиште во населбата Лисиче, во непосредна близина на крстот, а оштетени се и новопоставената новогодишна елка во населбата Мичурин и други украси на повеќе локации.

Изминатите месеци вандали уништија реквизити и на други детски игралишта во Општина Аеродром, а беа запалени и повеќе контејнери.
– Сите случаи се пријавени во полиција – велат од Општината.

Фото: Општина Аеродром

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top