Ноќното будење и хранење е најлошиот дел од фазата на новороденчето. Причините за тие ноќни нарушувања варираат. Но, исцрпеноста од будењето, кога сакате добар ноќен одмор, може да го разбуди „ѕверот“ кај секој родител.

Сигурно многу семејства се договараат за тоа кој ќе се справи со полноќната смена, па многу родители се менуваат, особено сега кога општеството прави важни промени кон еднаква поделба на родителските улоги. Но, треба уште многу да се помине за мајките да не бидат единствените што се справуваат со најголемиот дел од деноноќната грижа за бебето.

Така, редит-објава на една мајка покажува дека и мајките се уморни, но и почнува дискусија за поделбата на трудот додека децата се мали.

Таа ги прашува другите корисници дали погрешила затоа што се преправала дека спие, за нејзиниот сопруг да почне да се грижи за бебето навечер.

– Правиме сè еднакво, освен што имам еден проблем, а тоа е станувањето на нашиот син навечер. Ја остава оваа задача за мене под изговор дека е премногу уморен за да стане од кревет – пишува таа и додава дека нивниот син се буди три до четири пати навечер. Неговиот одговор е дека таа е веќе будна, па треба да се погрижи за него. Сето ова траело шест месеци, па нејзе ѝ се смачило.

– Ми беше доста од сето тоа, па почнав да се преправам дека спијам кога нашиот син ќе се разбудеше – вели таа и објаснува дека нејзиниот сопруг се обидувал да ја разбуди пред самиот да одлучи да оди да се погрижи за нивниот син.

Планот функционирал прилично добро до моментот кога нејзиниот сопруг не ја слушнал како разговара на телефон со нејзината сестра за тоа дека го лаже дека спие.

– Тој буквално рече: „Само почекај да дознае мајка ми што му правиш на нашиот син.“ Расправијата ескалира, па неговата мајка рече дека сум го запоставувала нејзиниот внук – пишува мајката.

Објавата имаше повеќе од 1,5 илјади одговори.

– Родителството е споделување на одговорноста за сите работи поврзани со вашето дете. Јас и мојата сопруга ги делиме обврските, понекогаш таа се буди, а понекогаш јас. Сѐ е до споделувањето на обврските, а не да очекувате другиот да ги направи сите работи – пишува еден татко.

– И тој е родител. Но, очигледно и тој сè уште е мало дете бидејќи трча кај мајка му жалејќи се за тоа што сте го направиле. Тој не ја почитува вашата грижа како родител и изгледа многу незрело. Сега е време е да застанете, инаку работите никогаш нема да се подобрат – советува друг редит-корисник.

На крајот, жената признава дека згрешила.

– Во основа го лажев сопругот и го искористив наместо да постигнам компромис со него – вели таа.

Искрената комуникација и компромисот се клучни за здрава врска. Фазата со честото будење на новороденчето е напорна и на сите ни треба одмор за да дојдеме до најдоброто решение.

Извор



912

X